За да спиете подобро а да живеете подолго, направете го ова пред да си легнете
Исфрлете ги електронските уреди од спалните соби и добро покријте ги како би го избегнале ризикот од разни болести како карцином, порачуваат научниците, пренесува британскиот весник Дејли Меил.
Отстранување на сите извори вештачко светло во текот на сонот би можело да ги запре штетните влијанија на нашиот биолошки ритам што е поврзано со болести како рак, шеќерна болест, депресија и дебелина.
Научникот кој проучува рак на дојка Ричард Стивенс вели дека мора да почнеме да го почитуваме мрачниот амбиент бидејќи дури и загушени светла во домаќинството навечер му помагаат на мозокот и телото да се подготви за сон.
-Како што сонот длабоко е потребен за наше добро, така е и изложеноста на мрак во текот на ноќта. Важноста на сонот конечно влезе на големата врата во размислувањата и примената, но важноста на замрачување е уште на големо потценета - вели Ситвенс.
Стивенс вели за да се развие биоритамот мора да ја следи Сончевата светлина а тоа е проследено и со лачење на хормони, работа на гените, телесната температура и метаболизам. Вештачките светла пак може да предизвикаат пореметување.
Со користење на светлоста од ролетните Стивенс вели дека од спалната соба е потребно да се исфрлат сите уреди кои емитуваат плава светлина која го одржува во посебно будна состојба. Доколку треба да станете во текот на ноќта треба да користите светла со затемнете црвени сијалици кои најмалку сметаат.
Во еден труд објавен во магазинот Philosophical Transactions B Стивенс предупредува на штетноста од вештачките улични и куќни светла.
-Прекумерна светлина на ноќното небо е важно прашање како климатските промени - истакнува Стивенс и додава дека на негативно влијание од вештачкото осветчување посебно се чуствителни децата вклучувајќи ги неродените бебиња.
Се смета, на пример, дека вештачкото осветлување пречи на лачењето на мелатонин кој спречува појава на тумори на дојка.
Истражувањата покажале како жените кои работат во ноќните часови се изложени на поголем ризик од појава на рак на дојка а ноќно работно време е поврзано и со зголемен ризик од рак на простата или цревата.
Друго истражување укажува на можна поврзаност на вештачко осветлување во текот на ноќта и појава на шеќерна болест, депресија и дебелина.