За добар старт на неделата: Вкусен пијалок со неверојатни ефекти
Наједноставниот и најприродниот начин да го забрзате
метаболизмот и да изгубите неколку килограми е со помош на едноставен пијалок
од само две состојки!
Водата со вкус на јаболко и цимет направена од природни состојки има само 10 калории по чаша. Заборавете на сите диетални сокови и обидете се да ја пиете оваа вода една недела. Сигурни сме дека ќе ослабите и ќе бидете полни со енергија.
Потребно е:
- две јаболка - две стапчиња цимет - едно големо пластично шише - коцки мраз
Подготовка:
Исечете ги јаболките на поголеми парчиња само за да можат да поминат низ вратот на шишето, ставете ги внатре, додадете стапчиња цимет, многу мраз (до половина шише) и ставете вода до врвот. Ставете го шишето во фрижидер и извадете го од фрижидерот десет минути пред да планирате да го пиете.
Откако ќе ја испиете целата вода 3-4 пати на ден, не мора да ги менувате јаболката и циметот, само истурете мраз и свежа вода, а по четвртиот пат, заменете ги јаболката и циметот.
Фото: Profimedia
Секое утро пред појадок, земете лажичка мелем од 2 состојки: Го чисти црниот дроб и целиот организам