„За еден месец ослабев 7 кг“: Турската актерка Бергузар откри трик кој топи сало - и тоа кога ве мрзи да вежбате
Убавата турска актерка Бергузар Корел има четириесет години, три деца и одлична кариера. А каде и да се појави, привлекува внимание со својот совршен изглед. Многумина се прашуваат како оваа мајка се снаоѓа, а има и мала тајна. Имено, клучот за нејзиниот успех лежи во физичката активност, но признава и дека има денови кога едноставно не е расположена за тренинзи.
Затоа Корел им откри на фановите како успева да одржи завидна линија кога ќе ја фати мрзоволие.
- Тогаш морам да пешачам најмалку шест километри, открива таа.
Таа нормално има личен тренер кој ѝ помага да ја одржува фигурата, но внимава и на исхраната. Пие најмалку литар и половина вода дневно и јаде само органска храна.
Нејзиното мени е богато со мешунки и храна богата со протеини, а кога сака јаглехидрати јаде ориз.
Инаку, кога таа и нејзиниот сопруг Халит Ергенч се подготвуваа за серијата „Ти си моја татковина“ во 2016 година, и двајцата беа на диета.
Имено, Халит глумел војник во грчко заробеништво, па морал да ослабе, а таа решила да го поддржи, па дизајнирала специјална диета која ја следеле заедно. По еден месец тој бил полесен за 14 килограми, а таа седум.
Медиумите тогаш пишуваа дека Халит на сетот јадел ѓумбир, јаболка, моркови, цвекло, сиров спанаќ и целер. Тој често консумирал супа од тиква и салата од киноа, а пиел лимонада или сок од житарки.
За уживање, парот консумирал здрави грицки како што се крекери од бадеми и ленени семки или путер од какао и бадеми и индиски ореви, а се почестувале со шеќер само во ретки прилики.
ФОТО: Јутјуб принтскрин