За една година променила 30 дадилки: Емина Јаховиќ откри детали за една од нив
Некои од
нив биле одлични
Емина Јаховиќ зборуваше за своите синови Јаман и Јавуз, но и за нивните дадилки, како и дека на почетокот не верувала во никого.
„Променив 30 дадилки во неговата прва година и пол. Не ми се допаѓаше никој“, рече Јаховиќ и откри повеќе детали.
„Имавме една медицинска сестра од Бугарија. Беше чудна. Не ми дозволуваше да го земам бебето кога сакав. Таа еднаш ми рече: „Не може сега, спие“, или нешто друго. „Остави ме, жено, бебето е мое!“. Утредента му реков на Мустафа дека мора да се ослободиме од неа“, изјави Емина за ТВ „Happy“ и додаде:
"Една дадилка беше одлична. Таа го научи мојот син да спие на време, го научи на дисциплина. Можеби и ги оставив децата само двапати за кратко време, без тоа да биде некое службено патување".
Фото: Инстаграм
Можеби ќе ве интересира:
Нешто не беше во ред со плодот: Емина Јаховиќ емотивна за загубата на бебето