За луксузни чанти дала повеќе од 10.000 евра: Цеца Ражнатовиќ ги има најпознатите брендови, а еден модел го носат и светските ѕвезди

Добивај вести на Viber

Мора да признаеме дека совршено ги комбинира...

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ со своите комбинации не престанува да воодушевува, а често се водат дебати за нејзините скапоцени чанти.

Цеца редовно носи брендирани парчиња за кои долго се зборува, а неколку пати досега е уловена со луксузни чанти.

Една чанта на Цеца од престижниот бренд „Hermès“ од крокодилска кожа чини повеќе од 80.000 евра и е достапна само за вип клиенти. Викторија Бекам е голем обожавател на овој бренд и ги има сите модели и помеѓу првите ги добива истите.

View this post on Instagram

A post shared by Zvezde Granda (@zvezdegranda)

Исто така, во една прилика се појави во бела комбинација со чанта од популарен бренд, која чини околу 3.500 евра.

Цеца, носеше и класичен модел на „Chanel“, кој никогаш не излегува од мода, а чија цена од година во година расте. Како што пишува сега на официјалната страница на овој бренд, цените на чантата која ја има пејачката се движи од 3.000 до 6.500 евра.

Фолкерката има чанта и од познатиот бренд „Bottega Veneta“, чија цена е помеѓу 2.500 и 3.000 евра.

Црвената чанта на „Louis Vuitton“ која Цеца ја носеше во една прилика, вреди околу 2.000 евра.

фото: Принтскрин / Инстаграм