За мене жената е сѐ, од таа што ја чисти бањата со рани на рака, до таа што излегува од Мерцедес и оди на коктел

Добивај вести на Viber

#совршенаси 

Биди своја, биди единствена, биди заљубена, биди среќна, биди храбра, не се откажувај, верувај во себе, бори се, не се плаши да паднеш, ќе станеш нова и појака секој пат. Погледни во себе ќе го пронајдеш мирот, излези од комфор зоната и не се плаши да посакаш, од твојата афирмација се раѓа еден цел нов свет! Биди љубов, биди Lovecat, биди ти и подари си еден универзум на вистина. Погледни се, прекрасна си, ти си тоа што му е потребно на светот! 

Ја започнуваме оваа соработка со Женски Магазин, всушност ја продолжуваме веќе познатата дамнешна, со платформата Совршена Си. Изминативе години имав можност да забележам колку на една жена денес и е тешко да се износи со целиот серијал на епитети жена, мајка, кралица, домаќинка, кариеристка и многу многу повеќе, наметнати од општествените очекувања кои во даден момент стануваат лични. Па така во потрага по непостоечко совршенство, прибегнуваме кон радикални средства кои нудат моментални решенија без трајни вредности. Со игла пегламе спомени, со филери менуваме идентитет а со гардероба се криеме од самите себе. Во процесот на себе спознавање и себе реализација денес е се потешко за една жена да се само создаде. 

За мене жената е се, од онаа која со рана на раката го мие купатилото со киселина и не забележува дека раната се шири и боли, до онаа на која и отвораат врата за да излезе од најновиот мерцедес и да продолжи на коктел забава. И едната и другата носи невидлива за око болка која во оние моменти кога останува сама ја поткопува до основната срж на постоење. И едната и другата носат тежина секоја на свој начин и секоја од нив изгубена во современиот норматив за убавина. 

View this post on Instagram

A post shared by Ivana Knez (@iamivanaknez)


Јас не сум ниту психолог ниту некој експерт за животни совети. Едноставно сум жена која носи цела планина и со помош на мојата работа, гардеробата и процесот на нега ќе се обидам да допрам до секоја една прекрасна жена на која и е потребно убавина во секојдневието. Гардеробата е тајното оружје на секоја жена на светов и со помош на вистинскиот стајлинг, нема битка која не можеш да ја добиеш. Останете со нас секој вторник, ќе се обидеме малку на поинаков начин, заедно да создадеме една платформа на прекрасници кои му пркосат на времето со вистината. 

Јас сум Ивана Кнез, од жена за жени - #совршенаси