За невакцинираните ќе може и антиген, ПЦР за деца над 10 години - можни се измени на условите за влез во Грција

Добивај вести на Viber

Утре ќе заседава Кризниот штаб на грчката Влада, а можни се промени на правилата за влез во земјата. Најверојатно, границата за деца кои мораат да имаат негативен тест за ПЦР ќе се зголеми на минимум 10 или 12 години, како што е случајот за влез во повеќето земји на ЕУ, а можно е за тие кои не се вакцинирани, наместо ПЦР тест да се прифаќа и негативен тест на антигени. Откако добил информации измените ги најави Александар Сеничиќ директорот на Националното здружение на туристички агенции на Србија (YUTA).

„Се надевам, со оглед на тоа што Европската комисија го прифати антиген тестот за Хрватска, Бугарија и за голем број други земји на ЕУ, дека и Грција ќе го прифати како модел, бидејќи ПЦР тестот е многу скап. Моите последни податоци зборуваат за фактот дека тестот за антиген ќе биде прифатен“, рече Сеничиќ во изјава за ТВ К1.

Детали на Фактор, тука.