За поодговорни животни одлуки: Одржана конференција Rethink the Status Quo

Добивај вести на Viber

„Гледајте што прават другите и направете го спротивното. Ако сите меѓусебно се копираат, нема да стигнеме никаде. Експериментирајте, поиграјте се со правилата, не ги следете слепо и не се занесувајте сомоменталниот успех. Разговарајте за идеите со креативни луѓе, не бидете опкружени само со истомисленици и бидете секогаш подготвени да се кренете по загубата како феникс од пепелта“, е една од главните пораки кои ги испрати Магнус Линквист, светски познат футуролог и говорник од конференцијата ReThink the Status Quo.

Тој, заедно со Томазо Ди Џовани, потпретседател за комуникации на Philip Morris International, Милан Поповиќ, научен комуникатор и проф. Д-р Јасна Бајрактаревиќ, психолог, го преиспитуваа статус - квото на конференцијата посветена на намалување на штети организирана од компанијата Филип Морис во Белекспо центарот.

Претставници на деловната и стручната јавност од земјата и регионот, како и голем број претставници на медиумите од просторот на поранешна Југославија, се собраа да ги слушнат пораките на четворицата говорници и големи светски експерти на темата за намалување на ризици и создавање услови за донесување одлуки кои го менуваат светот на подобро.

„Иновациите секогаш ги прати скептицизам. Нилс Болин работејќи за Volvo, дизајнираше сигурносен појас кој, поради недовербата во овој изум, почна да се употребува дури една деценија подоцна. Фрижидерот, кој сега се зема здраво за готово, исто така наиде на скептицизам, иако се покажа дека во голема мера го реши проблемот со ракот на желудникот предизвикан од расипана храна. Така и денес, голем број луѓе не веруваат во алтернативи без чад на цигарите, бидејќи погрешно мислат дека никотинот е примарна причина за болести поврзани со пушењето. Тоа не е точно, проблемот е согорувањето. Кога ќе запалите цигара се ослободуваат бројни штетни материи, а поголем дел од нив предизвикуваат болести поврзани со пушењето. Благодарение на напредокот на науката и технологијата, стана возможно со загревање на тутунот да се дојде до никотин без согорување бидејќи алтернативните производи во просек 90 до 95 проценти го елиминираат нивото на штетни и потенцијално штетни хемикалии во споредба со цигарите.Тоа е принципот на намалување на штети“, рече Томазо Ди Џовани, потпретседател за комуникации во Филип Морис Интернешнл

Дали сте подготвени да прифатите ризик?“, ја праша изненадената публика Милан Поповиќ, научен комуникатор, кој веднаш по излегувањето на сцената ја потопи раката со вклучена сијалица во сад полн со вода. „Дали ризикував сега? Јас не, бидејќи таа вода е дестилирана. Ги имав фатите и знаев дека оваа сосема чиста вода не е спроводник, туку изолатор. Секогаш кога проценувам ризик, имам факти на располагање. Затоа, знам што е штетно, а што не, без разлика колку слично може да изгледа на некој што не е вклучен во темата.“ Како поборник за намалување на штети, овој научник за компанијата  Филип Морис има направено компаративна анализа на чадот од цигарите со произведениот аеросо од нивниот уред за загревање на тутунот и по таа научна анализа, тој тврди дека сфатил две работи. „Прво, како непушач, сега сум уште посигурен дека никогаш нема да запалам цигара. Второ, малку сум поопуштен, бидејќи мојата поубава половина го користи овој производ кој го загрева тутунот, за кој сега сум сигурен дека е помалку штетна алтернатива на пушењето“, објасни научникот.

Проф. Д-р Јасна Бајрактаревиќ зборуваше за модерниот начин на живот, како и за неговото влијание врз постапките според кои секојдневно се водиме.

„Промените не се случуваат преку ноќ, тоа не се реални одлуки кои велат – од утре учам, од утре слабеам... Промени на подобро ќе ги правиме полека и постепено во моментот кога ќе сфатиме кои механизми ги носиме во себе, а кои не кочат“, истакна психологот и редовен учесник на конференциите на ТЕД.

Магнус Линквист на крајот заклучи: „Не постои само оптимизам и песимизам, постои и среден пат“. Јас го нареков „посибилизам“, тоа се всушност нови можности, тоа е разбирање на светот на нов начин, со нови мерења и нови погледи. Сакам да следам „посибилистички“ иницијативи, меѓу нив вклучив и една од Србија, која се вика БИО4. Врз основа на тоа и мојот краток престој во Србија, заклучувам дека ова е земја на „посибилизам“.

Филип Морис е првата компанија од тутунската индустрија која пред повеќе од десет години постави нова цел и мисија - Иднина без чад од тутун. За таа цел се ангажирани повеќе од 900 научници и експерти и се инвестирани повеќе од 9 милијарди долари во научно истражување, развој и комерцијализација на алтернативни производи без чад базирани на технологијата на загревање на тутунот, кои се докажани како подобра опција од продолжувањето со пушење цигари.

Прецизно водејќи се од принципот на намалување на штети, Филип Морис е компанија која традиционалниот бизнис со цигарите го пресели во бизнис со потенцијално помалку штетни алтернативи, со цел да иницира позитивни промени со одговорен однос и да придонесе за создавање подобра иднина.

ПР објава