За секоја пригода: Девет комбинации на Викторија Бекам

Добивај вести на Viber

Познатата дизајнерка имаше турбулентен период со лансирањена нови линии, но и посетата на модните недели во европските метрополи.

Британката чиј стил доживеа вистинска трансформација со текот на годините, сега е пример за многу жени во светот. Викторија речиси секогаш носи парчиња облека со нејзин потпис, а изгледот го комплетира со адекватни модни додатоци.

Без разлика дали станува збор за комплет одело, фустани во пастелни нијанси или комбинација на панталони со висок струк и кошула, таа секогаш знае да направи совршен спој на парчињата облека со аксесоарите, кои идеално се вклопуваат со нејзиниот распоред, односно во зависност од тоа дали се работи за кежуал или бизнис изглед.


Доколку ви е потребна инспирација за излегување со пријателите или за на работа, погледнете ги фотографиите во галеријата: