За сите кои размислуваат да преминат на тутунски алтернативи - Еве кои се разликите помеѓу најпопуларните уреди што го загреваат тутунот

Добивај вести на Viber

Според проценките на Светската здравствена организација, во светот денес постојат повеќе од милијарда пушачи, што го потврдува фактот дека иако поголем дел од пушачите знаат колку оваа навика е лошо по нивното здравје, но и здравјето на луѓето околу нив, многумина од нив од различни причини не се откажуваат од цигарите.

Знаејќи дека согорувањето е главен проблем кај цигарата, се почесто светските експерти од областа на јавното здравје, како дел од решението на овој проблем го наведуваат загревањето, односно подобрите алтернативи на цигарите кои се засновани на технологијата на загревање, а не согорување на тутунот, со што се елиминира и создавањето на тутунскиот чад.

Најпознатиот уред што го загрева тутунот достапен и во Македонија е IQOS, а од минатата година оваа категорија ја дополни уште една бездимна алтернатива - lil SOLID на јужнокорејскиот производител KT&G.

Според што се разликуваат lil SOLID и IQOS?

Како што укажува самото име, овој уред, како и IQOS, го загрева тутунот и со тоа не се создава тутунски чад, па со самото тоа и не се ослободуваат поголем дел од штетните материи, кои се присутни во чадот на тутунот. Меѓутоа, lil SOLID 2.0, кој е поддржан од IQOS, има донекаде поинакви карактеристики.

Додека IQOS се состои од два елементи - полнач и држач со LED индикатор и вибрирачки сигнали, на lil SOLID полначот и држачот се комбинирани во еден уред со копче и LED индикатор. Оваа особеност го прави lil SOLID исклучително едноставен за користење, што судејќи според се поголемата прифатеност на оваа алтернатива, го препознаа и возрасните пушачи кои инаку би продолжиле да користат цигари.

Двата уреда работат на база на загревање, што значи дека го загреваат тутунот до 350 степени и не достигнуваат точка на согорување, со тоа што lil SOLID  го загрева тутунот со индукциска игла, а индукцискиот метод осигурува рамномерно загревање долж целата игла. Од друга страна, IQOS го загрева тутунот преку грејач.

Важно е да се нагласи, дека иако е научно докажано дека се подобра опција за оние пушачи кои сакаат да ја променат навиката, но не се подготвени во целост да се откажат од тутунот и никотинот, уредите што го загреваат тутунот не се без ризик и ослободуваат никотин кој создава зависност.


ПР објава