За Софија и бебето само најдоброто: Колку ќе чини породувањето на славната манекенка

Добивај вести на Viber

Фудбалерот Лука Јовиќ и манекенката Софија Милошевиќ наскоро ќе станат родители, а парот морал да го смени планот за раѓањето на нивното дете

Според Курир Старс, планот за Софија да се породи во Америка пропаднал поради сегашната состојба со корона вирусот, па „фудбалерот ги прашал своите соиграчи која болница е најдобра“.

Тие го испратиле во приватна клиника во Мадрид, каде манекенката треба да се породи а фудбалерот ќе треба да плати 25.000 евра, пишува Курир Стар.

Раѓањето чини нешто повеќе од 4.000 евра, но тоа е само цената на главната интервенција, додека сè друго се плаќало дополнително. Секој ден престој на клиниката чини околу две илјади евра, а ако бремената жена сака да биде во посебен апартман тогаш ќе треба да плати 5000 евра на ден, а според Курир стар токму за таков апартман се одлучиле Лука и Софија.

Платена е анестезијата, присуството на таткото, неговиот престој во апатманот, музика за време на раѓањето, акушерка која ја тренира новата мајка ...


Фото: Profimedia и Инстаграм

 (ФОТО) Во 5-ти месец од бременоста: Манекенката Софија очекува дете со фудбалерот Лука Јовиќ и е преубава трудница