За совршен почеток на денот: Појадок според Џенифер Анистон
Познатата актерка не може да го замисли утрото без овој пијалок. Неодамна, Џенифер Анистон откри кои намирници секогаш ги има во фрижидер.
„Секогаш имам артичок кој е ладен и свеж. Ги мачкам со сенф. Тоа е здрав оброк. Обавезно имам и зеленчук како целер и краставици. Тоа се освежувачки закуски кои ги сакам“ изјави Џенифер.
Познатата актерка е една од многуте жени која денот го започнува со вода и лимон, а потоа следи вкусен, здрав и хранлив појадок.
„Кога ќе се разбудам, пијам топла вода со лимон. После тоа појадувам јајца со авокадо. Тоа ми е омилено јадење“, вели Џени.
Јајцата и авокадото се најдобра утринска комбинација која дава енергија за почеток на денот.
Може да ги подготвите на повеќе начини, а едно до најпопуларните е кајгана со авокадо. Кајганата подгответе ја на обичен начин, а потоа додајте го авокадото исечкано на коцки.