ЗА СОВРШЕНА НЕДЕЛА, СЕКОЈ ДЕН –ВКУС ЕДЕН!

Добивај вести на Viber

Со новата генерација на паштети од Подравка ни доаѓа навистина супер седмица

Подравка паштетите сјаат во новото руво, во препознатливата црвена боја и во модерен дизајн. Седум различни паштети, совршени за мачкање, ќе ги исполнат семејните трпези и торбите за пикник. Слушајќи ги потребите на потрошувачите и генералниот тренд на конзумирање пилешко месо, Подравка, покрај двете паштети со свинско месо, нуди и пет пилешки паштети. Направени од чисто месо, богати со протеини и без палминово масло, конзерванси и подобрувачи на вкус, тие се претставуваат на нашиот пазар онакви какви што и навистина се - природни и вкусни!

Омилената паштета Пикант останува идентична на вкус, но со малку шминка и во нов дизајн стана уште попривлечна. Суптилната пикантност ќе продолжи да ги интригира непцата на љубителите на зачинетиот вкус. Оние кои што мачкаат ајвар на леб, конечно ќе се воодушеват од вкусната пилешка паштета со ајвар. На лебот, кој е навистина совршен партнер, тие ќе можат да стават паштета која навистина убаво се мачка со додаток на ајварот од Подравка.

Постојат многу познати јадења во комбинација со павлака, а сега можете да уживате и во комбинацијата на пилешка паштета со павлака. Фамозната кремаста комбинација е идеална за во пар со крекери.

Текстурата на новата пилешка класик паштета, добиена според највисоките технолошки стандарди, претставува потполн оброк достапен веднаш. Исто како и пилешката јетрена и јетрената паштета, се истакнува по богатствотона протеини кои можат да ги задоволат потребите на сите генерации, од деца, па до спортисти и постари лица.

Паштетата од Подравка која го комплетира ритуалот за пиење чај е секако чајната паштета. Комбинација што гарантира уникатно искуство со чај! И не грижете се, името не ја ограничува, бидејќи освен со чај, таа оди добро оди и лесно се мачка и во многу други комбинации.

Со својот изглед, новата генерација на Подравка паштетите им дава нова светлина на скептичните размислувања на многумина во врска со паштетите. Сакаме специјалитети, особено Подравка паштета и леб, наменета за луѓе со истенчен вкус.

Затоа, не грижете се за оброкот и САМО МАЧКАЈТЕ низ денот!