За Велигден и Бајрам слободно движење, најави Филипче: Владата утре ќе одлучува за новите мерки

Добивај вести на Viber

Министерот за здравство, Венко Филипче, на прес-конференција пред Спортскиот центар А1 Арена „Борис Трајковски“ ги кажа новите препораки за рестриктивните мерки според кои полицискиот час ќе почнува од 21 часот наместо како досега од 20 часот, но за време на верските празници Велигден и Бајрам да не важи, односно граѓаните да може слободно да се движат

-Утрово се донесени нови одлуки за нови рестриктивни мерки кои ќе важат во следниот период. Утре на седница на Влада треба да се прифати отворање на летните тераси на сите угостителски објекти, полицискиот час ќе започнува од 21 часот, а за време на празниците нема да има полициски час и граѓаните слободно ќе се движат. Сето ова е резултат на навремено донесените мерки, потенцираше денеска Филипче.

Во однос на тоа дали рестриктивните мерки ќе важат и по 15.мај кога ќе завршат сите празници, министерот Филипче рече дека состојбата ќе се анализира, и ќе дискутираат дали ќе донесат нови мерки.

Деталите на Фактор, овде.