За витална енергија: Три одлични пијалаци за жени во менопауза
3 здрави рецепти за одржување на здравјето, детоксикација и добра витална енергија, а тоа ќе биде особено пријатно за жените во менопауза.
1. Моќен
антиоксидативен пијалок
Потрбни состојки:
-1 банана
-1/2 чаша овошје боровинки
-1/2 чаша јагоди
-1 лажица гоџи бери
-1/2 чаша вода од кокос
-1 чаша незасладено млеко од бадем
-1 лажица кокосово масло
-1 лажичка мачја трева
-1 лажица семе од чиа или лен
Начин на подготовка:
Додадете ги сите состојки во блендер и измешајте.
Ако пијалокот е премногу кремаст, можете да додадете малку вода во него.
2. Зелено
смуди за витална енергија
Потребни состојки:
-1 чаша вода
-1 грст спанаќ или блитва
-2 лажици исцеден грејпфрут
-1/2 чаша исцеден сок од лимон
-1/2 авокадо
-1 лажица кокосово масло
-1 лажичка мачја трева
-1 лажица семе од чиа или лен
Начин на подготовка:
Сите состојки добро измешајте ги во блендер додека
не се соединат. Ако не го испиете целиот пијалок одеднаш, можете да го чувате
во фрижидер еден ден.
3. Антисимптоматски
пијалок од куркума
Главната состојка на ова смуди е куркумата, моќен
фитоестроген, антиоксиданс и антиинфламаторно зачинување. Куркумата помага во
регулирање на хормоните и детоксикација на организмот, па затоа особено им се
препорачува на жените во менопауза.
Состојките во овој пијалок успешно ги регулираат
непријатните симптоми за време на менопаузата, поттикнуваат слабеење и му
помагаат на вашето тело полесно да ги прифати новите промени.
Потребни состојки:
-1 банана
-1 чаша сецкано манго
-1 лажица свеж сок од лимон
-1 лажица куркума
-прсто фат црн пипер
-1 лажица органски мед
-1 чаша незасладено млеко од бадем
-1 лажица кокосово масло
-1 лажичка мачја трева
-2 лажици семе од лен
Начин на подготовка:
Комбинирајте ги сите состојки во блендер и
уживајте во здравиот пијалок.
Извор:krastarica.hr
Можеби ќе ве интересира:
Пет позитивни промени што ги чувствува секоја жена во нејзините 40-ти и 50-ти години!