Забава во градината на кралицата Елизабета: Зошто 8.000 луѓе гледаа во Кејт Мидлтон?

Добивај вести на Viber

Британската кралица Елизабета Втора организираше голема чајанка во градината на Бакингемската палата. „Кога ќе поканиш 8.000 луѓе на чај во градината, тогаш се надеваш дека ќе има сонце“, се насмеа кралицата во разговорот со присутните на сметка на променливото време.

Сосем очекувано, војвотката Кејт Мидлтон на забавата се појави во многу елегантна комбинација, која во целост одговараше со дрес кодот за оваа прилика и поради која очите на сите присутни беа вперени во неа.

Елегантниот и пристоен капут-фустан од модната куќа Александар Меквин во нежно розева нијасна со плисирани детали, Кејт го искомбинара со шешир кој го искреирала Џулијет Ботерил.

На нозете ги носеше своите омилени салонки во кремова боја со потписот на Џанвита Роси, а најосновните ситници ги смести во мини ташничката од брендот на Лофлер Рендал.