Забележала модра дамка на ногата на бебето, не ни помислувала дека е во голема опасност

Мајката забележала чудна дамка на ногата на бебето. Наместо да чека што ќе се случи, таа го однела својот син во болница и му го спасила животот.

Дамката на телото на едномесечното момче беше знак за нешто многу опасно. Имено, мајката, која одлучила да остане анонимна, го испратила своето предупредување до медицинските сестри Ники и Рач кои стојат зад популарната страница за образование на Tiny Hearts.

Рекла дека се загрижила кога на ногата на нејзиниот син видела мала пурпурна трага, која подоцна се покажало дека е симптом на менингокок.

View this post on Instagram

A post shared by Follow for EMPOWERMENT  (@tinyheartseducation)



„Од мала дамка до многу болно момче за помалку од 12 часа. Страшно“, напишала жената и објаснила дека по капењето забележала дамки на грбот, стомакот и рацете на нејзиниот син.

„Тие беа виолетови, не поголеми од мојот мал нокт и не избледеа. Решивме да одиме во брза помош за да провериме што се случува“.

Се покажа дека станува збор за менингококна инфекција, најчеста причина за менингитис кај деца на возраст од 2 до 5 години. Други симптоми вклучуваат треска, главоболка, вкочанетост на вратот, непријатност при гледање на силни светла, гадење или повраќање и дијареа.


Фото: printscreen instagram