Заблуди за бојадисувањето на косата

Добивај вести на Viber

1. Бојадисувањето го намалува волуменот
Обратно е.  Влакната изгледаат погусти и подебели. 

2. Бојадисувањето може да ја оштети косата
Бидејќи со боите за коса се отвора кутикулата на влакното, тоа може да предизвика штета. Но, ако ги користите правилните производи можете да ја намалите. Побарајте регенератор за коса што ќе ја задржи влажноста на вашата коса и ќе го спречи пукањето на влакната.

3. Мора да ги бојадисате и веѓите
Нема потреба од ова. Всушност, контрастот помеѓу веѓите и косата изгледа навистина добро. Темните веѓи многу подобро го врамуваат вашето лице отколку светлите.

4. Во ред е да ја миете косата по бојадисувањето
Потребно е да почекате барем 72 часа по бојадисувањето на косата. Толку време им е потребно на кутикулите целосно да се затворат и да ја „заробат“ бојата. Штом ќе почнете со миење, користете млака или студена вода за да не ја исушите косата. Исто така избегнувајте базени барем 2 недели по бојадисувањето бидејќи хлорот може да ја промени вашата нијанса.

5. Тешко е самите да ја бојадисате косата дома
Денес бојадисувањето на косата е навистина едноставно. Изборот на бои за коса е огромен и можете многу лесно да ја промените бојата и во домашни услови. Покрај тоа ќе ви бидат потребни само околу 25 минути.

6. Можете да ја бојадисувате косата во кое било време
За бојадисувањето да биде ефективно, потребно е косата да биде колку-толку чиста. Не треба да имате нанесено други продукти како восок или лак за коса. Најдобро е косата да ја измиете 24 до 48 часа пред бојадисувањето.

7. Нема потреба од скапи шампони за бојадисана коса
Инвестирањето во продукти кои се наменети за бојадисана коса е добро. Овие продукти не само што ќе ја одржат бојата подолго време, туку ќе ги вратат сјајот и влажноста на вашата коса.