„Заборавениот“ фустан на Каролина: А, со него започна тренд во Македонија
Скопски фестивал, 2000 година. Целиот настан личеше на фестивалите како Сан Ремо, плејада на истакнати уметници настапија, се бираше Песна за Евровизија, а групата XXL ја однесе победета. Не претставуваа во Шведска на главниот избор.
Покрај Тоше Проески, на нашиот фестивал настапи и дивата Каролина Гочева со песната „За Нас“. Котираше меѓу првите три песни и претендираше за победа. Гочева тогаш (револуционерно по малку за тоа време) носеше кожен црвен асиметричен фустан кој ја следи линијата на телото, а во горниот дел имаше златен плоснат гердан. Фустанот имаше и расцеп во средината на градите.
По настапот, фустанот стана вирален. Скоро сите сакаа да имаат такво парче облека, па Каролина сосзаде своевиден тренд. Го употреби уште еднаш во спотот за Евровизија, кога не претставуваше во талин, Естонија со песната Од нас зависи.
Ваквите нешта се скапоцени, а на Каролина и препорачуваме дека сакаме уште еднаш да ја видиме во ова издание. Фустанот не одолеа на времето.
Р.Ж.М