Забрането обложување за кралското бебе: Британците се сомневаат во Меган и во Хари
Со оглед на тоа дека се сѐ погласни нагодувањата оти Меган Маркл веќе го родила своето прво дете, британските обложувалници одлучија да ја укинат можноста луѓето да се обложуваат на можната дата на раѓањето на бебето.
Освен на датата на раѓање, британците се кладеле и на имиња за детето. Меѓу женските имиња на кои најмногу се кладеле се Алис, Диана, Викторија и Елизабет, а за машките Артур, Џејмс и Александар.
„Ја забранивме можноста за кладење за името на детето, како и за датата на раѓање, откако забележавме зголемен број на уплати кои отскокнувале“, изјавиле дел од обложувалниците. Некои велат дека детето е веќе родено на 3 мај, а тој заклучок е донеесен според тоа што принцот Хари на тој ден неочекувано ги сменил плановите и го откажал патот за Амстердам на кој требаше да замине следната недела.