Задолжително пред процесот на стареење: Природна колагенска стимулација на кожата Скулптра
Со напредување на возраста, се губи рамнотежата помеѓу кожата, масното ткиво, мускулното ткиво и коските, со настанување на прогресивни промени на нејзиниот обем, форма, структутра и состав. Со корекција на обемот на лицето во одредени зони, може да се промени формата и позицијата на други структури, со што се постигнува подмладување и естетско подобрување на лицевите контури.
За многу пациенти, фокус на лицевото подмладување се брчките, без притоа да се обрне внимание на промените на лицевите контури, кои се резултат на прераспределување на масното ткиво и други структурни промени. Светските искуствата за основа на лицевото (фацијално) подмладување го насочуваат кон корекција на лицевиот обем. Еден од последните методи за неоперативно моделирање на лицето е продуктот Скулптра. Познат е како течен “facelift”, бидејки самиот производ е во облик на течност сместена во флакон, која се инјектира во одредени делови на лицето со што се постигнува face lifting.
Скулптра е долготраен, клинички докажан третман, со кој може да се постигне измазнување на длабоките линии и брчки на кожата, како и да се обнови и зголеми загубата на лицевиот волумен, која физиолошки настанува со процесот на стареење.
Подобрување на структурата на кожата настанува постепено, а постигнатиот ефект е долготраен при што лицето добива природен изглед на компактност и свежина. Клиничките студии покажуваат дека постигнатите резултати траат 2 години по завршување на последниот третман, што е значително подолго од користењето на други расположливи препарати.
Скулптрата преставува инјектибилен волуминозен третман со кој се стимулира создавањето на сопствен нов колаген и се измазнуваат линиите и брчките на лицето, а истовремено се надополнува загубата на лицевиот волумен со што се постигнува младалачки изглед на лицето.
Дерматологот обучен да работи со препаратот, знае најдобро кога и како се губи лицевиот обем и каде е најдобро да се коригира лицевата контура. На овој начин се зголемува можноста за постигнување на најдобри резултати, а лицето да го добие потребниот естетски изглед.
* Скулптурирање на лицето со Скулптра
- Скулптрата е инјекционен препарат, кој содржи микрочестички на poli-L млечна киселина (PLLA), синтетски полимер од групата на алфа-хидрокси киселините. PLLA се користи повеќе од 30 години во препарати наменети за ресорбирање на хирушки конци, како и за ткивна регенерација. Како чиста супстанца е нетоксична за организмот, дури и во големи количини. Скулптра е биозаместителен (не го оштетува телото) и биоразградувачки (се разградува од ткивниот метаболизам) препарат. Пред нејзиното аплицирање, не е потребно да се спроведе алерголошко иследување.
Основната примена на Скулптрата е за зголемување на обемот на опуштените области, особено за корекција на опуштеноста на кожата, корегирање на кожни вдлабнатини, цикатрикси, фини линии и брчки настанати со стареење на кожата, како и на корекција на обем (волумен) и предзнаците на загуба на масното поткожно ткиво ( липоатрофија).
* Како дејствува Скулптрата?
- Основата на дејство на препаратот е стимулирање на колаген на местото на инјектирање и пополнување на дефектите. Основната компонента на Скулптрата која ја сочинуваат полимерите на млечната киселина, со процес на неензимска хидролиза, се разградуваат до мономери на млечна киселина, кои потоа се метаболизираат до јаглероден диоксид и вода, или се сврзуваат со глукозата и се елиминираат од организмот.
Постигнувањето на ефектот со зголемување на обемот на лицевата контура настанува постепено, најчесто во рамките на 6 недели и по секоја нова апликација на препаратот резултатите се поевидентни. Скулптрата ќе го надополни изгубениот обем во временскиот период од неколку последователни седмици.
За да се постигнат оптимални резултати и корекции неопходни се неколку апликации на препаратот. Интервалите помеѓу секоја апликација се помеѓу 5-6 седмици.
Постигнатите резултати можат да се задржат 2 години.
Бројот на неопходни сеанси ги одредува докторот при посета на пациентот. Кај пациенти кај кои постои неопходност од повеќе козметички корекции потребни се неколку сеанси. Резултатите се индивидуални за секој пациент и се определуваат од индивидуалните можности на кожата да создава колаген.
* Што ја прави Скулптрата поразлична од другите производи?
- Постојат различни процедури, кои што може да се спроведат за подмладување на Вашето лице. Скулптрата е нехируршка манипулација и претставува метода на избор пред другите алтернативни, временски филери или перманентни импланти. Филерите се користат за пополнување на фините и длабоки брчки на лицето и се од привремен или перманентен карактер. Но со филерите, неможе да се направи ремоделирање на лицевата компактност, која се губи со стареењето. Тоа је прави скулптрата, супериорна пред другите инјектибилни препарати кои неможат да се споредуваат со ефектот кој се постигнува со овој препарат, односно ремоделирање на лицевата контура.
Оваа процедура, може да биде спроведена исклучиво од дерматолози и пластични хирурзи, кои се специјално обучени да работат со препаратот.
Неопходен е одреден временски интервал за да се синтетизира колаген и затоа резултатите од апликацијата на препаратот се забележуваат по шест седмици.
Резултатите зависат од возраста и од степенот на изразеноста на брчките.
* На кои регии се аплицира Скулптрата?
- Обично лицето се дели на три регии, горна лицева регија, која што го вклучува челото, веѓите и слепоочниците; средна лицева регија, која ги вклучува долните очни капаци, образите, назолабијалните брчки и меките структути под образите. Третата лицева регија е најдолниот дел од лицето, линијата под носот, регијата околу устата и брадата.
Третирањето започнува од горната и средната лицева регија, со цел да се распрдели препаратот рамномерно. Кога ќе се постигне ефектот на зголемување на обемот во тие регии, во друга сеанса се третира третата лицева регија.
* Колку третмани се потребни?
- Вообичаено пациентите се проследуваат по 6 недели по првата апликација, по што се прави проценка за непоходност од корекција и втора апликација на Скулптра. Фотографирањето на пациентот пред аплицирањето на препаратот и по временско растојание од 6 недели од апликацијата овозможува на лекарот и на пациентот објективно да ги проследат постигнатите резултати.
* Дали е потребна анестезија?
- Пред инјектирањето се користи локален анестетик во облик на крем кој се нанесува на лицето, како и ладни облоги кои го обезболуваат местото.
* Постојат ли несакани реакции?
- Исто како и кај многуте други инјектабилни препарати и кај Скуплтрата може да се појават несакани реакции. Најчести се лесно крварење на местото на апликацијата, чувствителност, болка, зацрвенување, модрица или оток. Овие компликациии исчезнуваат вообичаено за една седмица.
* ПР - објава