Заедно во борба против насилството над жените

Добивај вести на Viber

Во пресрет на Глобалната недела против насилство над жени, студентите на Академијата за графички дизајн на Creative Hub во партнерство со Intermezzo Music Bar, и со поддршка од PowerAD, Женски Магазин и Magna Sken изработија кампања преку која сакаме да поттикнеме глас во борба против насилството.

Насилството како форма нѐ одбира како изгледаме, каде живееме, какви сме или што работиме. Не нѐ дели на млади или возрасни, но нѐ обединува сите кон осуда на тоа.

Во кампањата која деновиве имате можност да ја погледнете на нашите социјални медиуми, на билборд пред музичкиот бар “Intermezzo”, на неколку возила дел од рекламите во движење на компанијата “PowerAD” ќе забележите девојки од различни возрасти, со различни животни приказни. Иако сите кои се на фотографиите се актери кампањата има за една цел да ги прикаже лузните од една приказна.

Слоганот на кампањата е “Ќе оставам лузните да Ви ја ракажат мојата приказна”, а како сценарија ги одбравме токму сите оние “oправдувања” што најчесто се кажуваат кога ќе слушнеме дека некој е жртва на насилство.


Не! Нема да се промени се кога ќе дојдат децата, ниту пак го прави тоа затоашто те сака! Нема ни од утре да биде подобро и ако го пријавиш ќе го направиш првиот чекор и ќе кажеш Стоп!

Ако не застанеме против ова денес ние, тогаш кој?

Избери да бидеш хероина на твојот живот, а не жртва во твоите очи.

Нам ни останува да се надеваме дека нашата кампања ќе допре до Вас и дека ова што го правиме ќе поттикне уште многу други да се приклучат.


Ментор на кампањата е Мартин Трајновски, наш познат фотограф кој е воедно и предавач на Академијата за графички дизајн по предметот Фотографија.

Пр објава