Заев горд на Тортијадата во Струмица
Премиерот Зоран Заев беше дел од традиционалната струмичка „Тортијада“, која по 21. пат се одржа во Бања Банско, во хотелот „Цар Самоил“. Заеев ја отвори манифестацијата посветена на лицата со телесен инвалидитет.
Уникатни единаесет торти торти понудија изложувачите, а дел од нивните форми беа со симболика токму за лицата со хендикеп.
„ Ова е една богата традиција на култури и на вредности, со која 21. година се гордееме. Оваа „Тортијада“ ќе ја споделиме со Европа, ќе се живее европски во нашата Македонија“, рече Заев на отварањето.
Тортијадата ја организира Здружението на лица со телесен инвалидитет„ Мобилност" од Струмица.
Гостите ги поздравија и градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, како и претседателот на Здружението на лица со телесен инвалидитет на Македонија, Бранимир Јовановски.