Загрижува зголемениот број на деца со онколошки болести и предвремено родени бебиња: Интервју со проф. д-р Аспазија Софијанова
Асимптоматското прележување на Ковид-19 во детската возраст беше привилегија во претходниот период, но не и во третиот бран на вирусот, вели во денешното интервју за Фактор, проф. д-р Аспазија Софијанова, директорка на Клиниката за детски болести. Загрижува фактот според неа, што во последниов период е зголемен бројот на децата со онколошки заболувања, но и бројот на предвремено родени бебиња. -За жал, за 5 проценти е зголемен бројот на деца со малигни болести на крвта и малигни болести на солидните органи, а истовремено во последниов месец имаме зголемување на бројот на предвремено родените бебиња. Што се однесува до причините, за жал станува збор за мајки со пост-ковид реакции, односно мајки кои биле заболени од корона вирусот. Затоа и се поставува прашањето дали трудниците да се вакцинираат или не, но секако и ова прашање засега ќе остане настрана, бидејќи ќе следиме студии за да донесеме првилни одлуки, посочува проф Софијанова во денешното интервју.
Третиот бран на вирусот, кој како што прогнозираа и светските и домашните експерти, беше најсилен, со најмногу новозаразени, што придонесе за голем притисок врз болничките капацитети. Како ваквата состојба се одрази врз Клиниката за детски болести?
Проф. д-р Софијанова: Да, третиот бран на корона вирусот откако ја зафати и нашата земја, силно го почувствуваме сите и создаде доволно немир бидејќи голем процент, како и статистичките податоци говореа дека овој пат не беа поштедени ниту децата. Затоа моравме да направиме една комплетна реорганизација, која наметна разделување на делот каде што претходно одеа најмладите пациенти, а тоа беше Институтот за белодробни заболувања-Козле. Таа институција беше комплетно пренаменета во ковид-центар за возрасни, а нашата Клиника направи друга реорганизација при што комплетно се ослободија два ката и по препорака на Државниот санитарен и здравствен инспекторат се ограничија местата на движење на оние кои беа суспектни на ковид.
Целото интервју читајте го на Фактор, тука.