Залудно трошиме 106 дена во животот: Еве за што се работи

Продолженото работно време, нисаките плати и нервозните шефови ги тераат вработените (пре) често да се соочуваат со стрес. Просечната личност поминува околу 106 часа од животот жалејќи се на работата, покажа најновото истражување. Тоа значи дека добар дел од времето го поминуваме во лошо расположение.

Кога ќе дојдеме дома, со намера да ја ублажиме напнатоста, на партнерите или на некој член од семејството во просек им „кукаме“ по четиринаесет и пол минути дневно.

Дури 40 отсто од луѓето кажале дека воопшто не знаат да се опуштат по работниот ден и дека нервозата од работа во голема мера ја пренесуваат во својот дом на семејството.

Експертите советуваат на таквите личности да им се даде поддршка и да се има разбирање. Прошетките и искрените разговори со кафе или чај, масажата или топлата купка се најпопуларните, но и најевтините начини за опуштање.