ЗАМИНА ГОЛЕМИОТ ИТАЛИЈАНСКИ АВТОР: Почина оскаровецот Бернардо Бертолучи

Добивај вести на Viber

Славниот италијански режисер, сценарист и оскаровец Бернардо Бертолучи почина на 77 години, потврди денеска неговата публицистка Флавија Скјави за магазинот „Варајети“.

Креаторот на култните филмови „Последното танго во Париз“ и „Последниот император“, починал во неговиот дом во Рим.

Бертолучи, еден од најголемите италијански автори на својата генерација, со неговиот артистички пристап беше голема инспирација за филмаџии во Европа и во Холивуд. Во 2011 година му беше доделена почесна награда на Канскиот фестивал.

- Не очекував дека ќе добијам оскар. На шега често велиме дека полесно е Италијанец да стане Папа отколку да го добие златното човече - е само една од легендарните изјави на големиот мајстор на седмата уметност.