Започна годината на водниот зајак: Еве што нѐ очекува до 9 февруари 2024 година

Добивај вести на Viber

Кинеската Нова година започна во знакот на водениот зајак.

 Според кинескиот хороскоп, водениот зајак е симбол на долговечност, мир и просперитет, па времето до 9 февруари 2024 година, според оваа интерпретација, ќе биде исполнето со напредок и оптимизам.

Пролетниот фестивал или Лунарната Нова Година е најважниот и најсвечениот празник во Кина. Симболизира нов циклус, и во природата и во човечкиот живот.

Прославата трае 15 дена и завршува со многу пиротехнички средства, петарди и огномети и пуштање црвени лампиони во воздухот.

Прославите на кинеската Нова Година обично се обележани со црвена боја, која симболизира доблест и искреност и се верува дека штити од злото.

Кинезите велат дека зајаците се многу социјални, па затоа ова е идеална година да се здружите со други луѓе за подобра заработка.


Фото: фреепик

Извор: информер

Астролозите откриваат: Овие хороскопски знаци се најдобрите бакнувачи во целиот Зодијак