Започна големата наградна игра „Славиме заедно 70 години Бимилк“

Омилениот домашен бренд за млеко и млечни производи, „Битолско” во знак на благодарност кон потрошувачите за дадената доверба, организира наградна игра „Славиме заедно 70 години Бимилк“. Со наградната игра по повод 70 години постоење, компанијата ги наградува верните потрошувачи со 70 вредни награди, а главната награда е автомобил ToyotaCorollaHybrid.

За учествување во наградната игра доволно е само да купите некој од производите од портфолиото „Битолско“ во вредност од најмалку 70 денари на една фискална сметка. Потоа потребно ебројот на фискалната сметка и времето на плаќање да се испрати преку СМС порака на бројот 149499 од операторите Македонски Телеком и А1 како и преку веб страната www.bimilk.mk/nagradna-igra СМС пораката чини 5,9 ден.

Наградната игра започна на 2ри мај и ќе трае до 26 јуни до кога ќе може да се испраќаат пораките. Ќе има осум неделни извлекувања и секој понеделник ќе се доделуваат по два мобилни телефони и два LED Smartтелевизори. Главното извлекување е закажано за 27 јуни кога ќе биде доделена и главната награда, автомобил ToyotaCorollaHybridHatchback.

Добитниците ќе се извлекуваат по случаен избор, преку софтвер.

Купувајте производи од брендот Битолско, уживајте во производите и праќајте СМС со податоци од фискалните сметки. Редовно проверувајте ги телефонските повици /СМС пораките на својот мобилен телефон, бидејќи можеби токму вие ќе бидете добитник на некоја од вредните награди.

Подетални информации за наградната игра се достапни на линкот www.bimilk.mk/nagradna-igra


ПР објава