Започнете го месецот на штедење со денарските депозити на Силк Роуд Банка
Силк Роуд Банка АД Скопје по повод месецот на штедење октомври нуди атрактивни каматни стапки за орочени денарски депозити за физички лица. Каматните стапки важат овој месец за сите ново орочени депозити во денари.
Периодот на орочување е во зависност од потребите на клиентите и истиот може да биде во период од 1 до 60 месеци.Каматните стапки се фиксни за целиот период на орочување и изнесуваат до 2.4% за орочени депозити.
Дополнителна предност за корисниците е можноста во зависност од нивните потреби и барања исплатата на каматата да биде на крајот на периодот на орочување или со месечна исплата на камата.
Целосната понуда на депозити на банката, може да ја погледнете на следниов линк - https://silkroadbank.com.mk/Deposit?Type=1&Cat=Denar&SubCat=Denar .