Започнува вакцинацијата против сезонски грип: Бесплатна вакцина за хронично болни, трудници, како и за деца и повозрасни
Викендов се прави дистрибуција во пунктовите на здравствените домови и центрите за јавно здравје на вакцината против сезонскиот грип, а вакцинацијата ќе почне од вторник. Здравствените власти информираат дека во овој период, кога корона вирусот е во фаза на широка распространетост, добро би било граѓаните да се заштитат барем од сезонскиот грип, кој исто така е сериозно заболување и може да направи големи компликации.
Здравствените работници советуваат граѓаните да се вакцинираат во што поголем број. -Ние советуваме тоа прво да го направат оние кои имаат хронични заболувања, посебно луѓето кои имаат ХОББ, дијабетес, срцеви заболувања и така натаму, и секако повозрасната популација, над 65 години. За нив оваа вакцина, како и секоја година е бесплатна, исто како и за трудниците и за децата од шест месеци до 5 години. За останатите граѓани, вакцината оваа година ќе чини 800 денари, велат за Фактор, епидемиолозите од повеќе градови во земјава.
Повеќе за смртноста и тешките компикации од сезонскиот грип, прочитајте на Фактор.мк