Запросување на црвен килим: Чешкиот милионер клекна пред 40 години помладата избраничка

Добивај вести на Viber

Чешкиот милионер Милош Кант на црвениот килим во Кан ја запроси својата 40 години помлада избраничка, португалската ѕвезда од реалните шоуа Маргарид Арнх, пренесува „Дејли меил“.

- Кажав „ДА“!Најдобриот момент во мојот живот! Многу те сакам! - напиша таа на „Инстаграм“ под фотографијата од запросувањето која сите ги остави без зборови.

Двојката наводно се запознала во април во еден ноќен клуб во Швајцарија чиј сопственик е Милош. Откако и официјално ја потврдија врската, за нивната љубов се крена огромна прашина во медиумите поради старосната разлика.