Зар некој може да те замени: Тоше го направи 5 октомври посебен

Добивај вести на Viber

На денешен ден, пред точно 13 години, Тоше Проески го одржа својот последен концерт. На Градскиот стадион, како да претчувствуваше, не ја штедеше својата енергија на сцена. Емотивен, забавен, пееше, комуницираше со публиката, ги гушкаше своите фанови. Концертот беше од хуманитарен карактер. Собраните средства беа наменети за обнова на училиштата во Македонија.

Прерано починатиот Тоше Проески го даде своето последно интервју во емисијата на Весна Петрушевска, Вртелешка. Тој таму искрено и отворено зборуваше за повеќе важни прашања од својот живот.

За вистинските вредности, за модните критики, за темпото на работа, за пријателите...

Една од неовите изјави е:

-Не знам зошто сум бунтовник без причина, но од друга страна така сум воспитан, знам кои се вистинските вредности и дур сум жив ќе ги ценам и единствено ќе ми бидат важни.

-Гробот на Тоше ќе биде завршен пред годишнината од смртта: По 13 години конечно пејачката легенда го доби заслужено почивалиште