ЗАРАЗНАТА БОЛЕСТ ШТЕНЕЧАК Е ШИРОКО РАСПРОСТРАНЕТА: Граѓаните се исплашени, ЈП „Лајка“ апелира за редовна вакцинација
Стравот од болеста штенечак со која се заразуваат кучињата е се поголем кај граѓаните на Скопје кои имаат свои миленици и кои за Фактор тврдат дека при секојдневните прошетки се сведоци на болни улични кучиња, оставени сами на себе.
- Не знам дали стравот да не се зарази моето куче е поголем од жалта кога ќе видиме кученце кое се тресе среде улица оставено само на себе. При вакви средби, мојот миленик го враќам дома, и веднаш земам храна и водичка да му однесам на уличното куче. Се гледа дека е болно. Знам како изгледа штенечак. Цел живот чувам кучиња. Се јавуваме и во неколку организации, активисти за заштита на кучињата, се јавувавме и во „Лајка“, но еве со денови е тука. Работата е што во Лајка не ни креваат телефон. На тој број што е оставен за пријавување 02/2565859 никој не се јавува. Јас лично не сум вртел само за ова болно куче. Пред неколку месеци се јавував и за да згрижат една кучка со неколку мали кученца, но никој не дојде. Сега ќе дојдеме, утре ќе дојдеме, не заловуваме мали...што да ви кажувам, вели разочарано Митко С. од Скопје.