Зарем е можно мажот да изневерува секогаш кога ќе има прилика за тоа?
Иако на многу жени им се чини дека одговорот е „да“, јас сепак мислам дека одговорот е едно комплицирано „не“.
Оженет сум со прекрасна и пред сѐ паметна жена, а тоа е тоа што ме исполнува. Во друштво сфаќам дека немам потреба да ја изневерам мојата сопруга.
Во една прилика се собравме друштво од средно училиште. Разговаравме за семејството, децата, жените, за нашите животни патишта и дојде до тема изневерување, односно за неверни мажи.
Појаснив дека немам никаквапотреба да ја изневерам сопругата, а како противаргумент добив „Значи да имаш прилика да завршиш во кревет со згодна 20 годишна девојка без притоа никој да дознае, ќе одбиеш?“
Ова прашање ме доведе до размислување. Од логиката на тоа прашање произлегува дека мажите ќе ги изневерат своите жени само заради тоа што им се пружила шанса која не се пропушта.
Мојот одговор на прашањето беше „Да, ќе одбијам“.
А дали знаете зошто? Затоа што не е точно дека нема никој да знае, ќе знам јас, а тоа е и најважно.
Не е вистина дека мажите изневеруваат само затоа што им се пружила таква шанса којашто не се пропушта (постојат и други причини, за тие друг пат). Мислам дека зад таа одлука стојат други причини кои се „крчкале“ со месеци дури и години.
Но, каква и да е причината, сите тие имаат заедничко име, а тоа е среќа. Всушност, тие во потполност или воопшто не се среќни во својот живот. Но тоа не значи дека кривицата треба да се префрли на сопругата, на онаа со која го делите домот. Причините на жалост се кријат во сликата која мажот сака да ја има за себе.
Тука секако има две влијанија, начинот на кој биле одгледани, односно начинот на кој функционирал бракот на нивните родители и стари стереотипи кои и ден денес имаат цврсти корени во нашето друштво. Кога говорам за начинот на кој е одгледан мажот, говорам всушност за односот на неговиот татко кон неговата мајка.
Говорам за односот кој го гледал секојдневно, за сфаќањата кон жените кои ги придобивав преку постапките, однесувањата и ставовите на својот татко. Принципот е многу едноставен, односно, ако сме пораснати во средина во која се цени честа и почитта, тие вредности ќе ни бидат приоритет кога ќе бидеме возрасни. Кога станува збор за стереотипите, ќе тргнеме од наједноставниот, мажот кој спиел со 100 жени е фраер, а жената која спиела со 100 мажи е курва. Мажите се суштества кои сакаат да бидат ценети, омилени во друштвата, всушност да бидат прилично идентични на сликата за себе што си ја имаат создадено во главата. Кога реалноста и замисленото не се поклопуваат тогаш мажот не е среќен.
Можеби се работи за тоа што не се оженил со љубовта на својот живот, фактот дека старее дека никогаш нема да плива во пари или тоа дека не може да оди и да доаѓа во домот кога сака туку мора да живее според компромиси. Која и да е причината, зад неа се крие недостаток на среќа. Тие не се свесни дека тоа што им е во главата не треба да ги прави среќни туку да имаш една, две или стотина личности кои ќе те сакаат заради добрината, почитта и честа, а не заради тоа што си спиел со 100 жени. Зарем е полесно да изневериш отколку да најдеш сили и да ги променишработите на подобро? Да полесно е. Зарем не? И на крајот, да се вратиме на прашањето кое ми беше поставено во почетокот на текстот. Освен што одговорив негативно на прашањето, поставив и контра прашање „А ти како ќе се чувствуваш ако дознаеш дека сопруга ти легнала со млад згоден дечко само заради тоа што и се пружила шанса која не се пропушта?“