Заштеда до 12 отсто на резервациите на Booking.com со American Express
Нова одлична поволност за корисниците на кредитните и дебитните Аmerican Express картички издадени од Силк Роуд Банка. Отсега сите корисници на кредитните и дебитните Аmerican Express картички може да уживаат во повеќекратните придобивки при онлајн резервација на една од најголемите меѓународни онлајн туристички агенции - Booking.com.
Booking.com беспрекорно поврзува милиони патници со незаборавни искуства, различни опции за превоз и неверојатни места за престој - од домови до хотели и многу повеќе. Сѐ што треба да направите е да ја посетите веб страната на следниот линк на кој ќе ви биде овозможен пристап до понудата на Booking.com каде ќе можете да ја изберете вашата омилена дестинација во посакуваниот период, во селектираниот хотел и видот на собата од ексклузивните Amex зделки. По избирање на хотелот и видот на собата, плаќањето се потврдува со American Express картичка, со што вие ќе добиете до 12% заштеда на вашата резервација заедно со потврдата за резервацијата со неопходните детали. Дополнителен бенефит кој ви го овозможува Booking.com е фактот што обезбедува 24/7 поддршка преку службата за корисници, која е достапна во секое време да одговори на прашањата на потрошувачот и да му помогне при патувањето.
Картичката American Express за македонските граѓани е единствено достапна преку Силк Роуд Банка и истата претставува платформа за придобивки кои American Express ги овозможува за да го подобри секојдневниот живот на корисниците и да ги направи уште подобри одличните искуства. Четирите столба на кои се потпираат придобивките од картичката се да ги олесни патувањата, да ги зголеми придобивките преку понудата, да овозможи пристап до сервисите и да обезбеди заштита за корисникот при користење на картичката.
„Ова е единствена можност само за клиентите на Силк Роуд Банка, која е единствена банка во државата и во регионот со 100% швајцарски капитал. Всушност, Силк Роуд Банка е единствена банка во Македонија која ја има лиценцата за картичките American Express, за која нашите потрошувачи може да избираат од понудата на две кредитни и една дебитна картичка. Може да забележите дека често го повторуваме зборот единствена затоа што тоа е најдобриот начин да ја илустрираме нашата позиција на македонскиот пазар и уникатните услуги кои ги нудиме за нашите клиенти“, велат од Силк Роуд Банка.
За повеќе информации за новата поволност на Силк Роуд Банка можете да го посетите следниот линк.
ПР објава