Заведе богат Грк, па потпиша предбрачен договор: Сузана откри детали, еве што е ставено на хартија
Водителката и поранешна „Лото девојка“ Сузана Манчиќ 23 години е заедно со грчкиот бизнисмен Симеон Окомокос, од кои 5 години се во брак.
Средбата била „стројничка“, а за сите овие години имале несогласувања и кавги. Како што самата открива, на нејзин предлог и поради неговите ќерки потпишале еден вид предбрачен договор. Запознавањето со Симеон, вели Сузана, дошло сосема неочекувано. Таа не отишла на еден работен ангажман, туку на вечера која, како што се испоставило, била судбоносна.
Во тој момент, вели таа, била „во некоја глупава врска“, а другарка и и кажала дека има згоден Грк за неа.
„И ми го опиша во кратки редови. Јас, многу скептична, реков, ајде да одиме сите на вечера вечер. А јас таа вечер имав тезга, тогаш се уште пеев, меѓутоа, не отидов на тезгата и сите заминавме на вечера. А што се однесува до него, тоа беше навистина љубов на прв поглед. Јас таму пеев, имаше свеќи, романса, а јас останав онака... Всушност, тој мој пријател ни пресуди. И останавме заедно 22 -23 години, од кои 5 години сме во брак“, вели Сузана.
Иако беа заедно долги години, бракот се случил дури по потпишувањето на некој вид предбрачен договор, на кој Сузана инсистирала поради ќерките на Симеон.
„По моја сугестија. Грците имаат посебен менталитет и посебна грижа за женските деца, за женското семејство, што кај нас не постои. Кај нас во наследното право синот прво, за сестрата да се откаже во името на братот и слично. Тоа кај нив не постои, а јас сфатив дека тој, можеби и неговите ќерки имаат страв или дека можеби има страв како ќе реагираат неговите ќерки“, вели Сузана.
На прашањето дали ќерките на Симеон ја прифатиле како личност, таа одговара:
„Па, на почетокот не толку. Не, не, не, тие навистина не ме прифатија. Јас сум премногу убава, расположена и привлечна. Видоа дека нивниот татко е премногу заљубен и тоа најверојатно на никој не им одговараше, посебно во тој некој млад развој. Сега нашите односи се многу коректни, но после 22 години. Тогаш ми дојде една идеја, се мислев што мене ми треба од него, не ми треба ништо, јас имам се, се сама стекнав и реков, ајде ние убаво да се договориме, да направиме предбрачен договор. Што во сушнина и не е предбрачен договор, тоа нешто кај нотарот се дефинира како што е мое е мое, што е твое е твое, стекнато пред бракот и така натаму. И мислам дека тоа ја олесни ситуацијата. Посебно на девојките“.
Сузана вели дека иако ужива во богатството што го има Симеон, кога тој ќе го нема, тоа богатство не и значи ништо.
„За мене неговото богатство еден ден кога ќе го нема, нема да ми значи ништо. Сакам заедно да уживаме во неговото богатство, да се разбираме. За мене тоа е прекрасно, но не е пресудно“, рече таа.
Фото: ИнстаграмИзвор: Mondo.rs