ЗАВРШИ БРАКОТ НА ВЕСНА
Пред да тргнеме, се договоривме по пат да застанеме на првата бензинска пумпа, да ставиме бензин и да пиеме кафе. Некој спомена да не разговараме за несреќата што се случи, доволно бевме потресени. Со оглед на тоа што бевме на планина, поминувавме низ шумички, разговаравме за животот во планинските области.
Застанавме на една бензинска, наполнивме бензин и пиевме кафе. Сите се согласивме дека добро е што тргнавме утрово, дека ќе се одмориме дома и дека нема да мислиме за трагедијата што се случи. Продолживме да се возиме. По пат имаше зимзелени дрва: дабови, елки, борови и смреки. На некои места недостасуваше вегетација, а ние опседнати со екологијата констатиравме дека недостасува зеленило и дека треба да се води сметка за пошумувањето. Можеше да се пофали нашата татковина со убава клима, но чувството за екологија сè уште не е развиено доволно. За време на возењето, се сетив дека бевме отсутни три дена, но мене ми изгледаа како три недели. Многу настани се случија кои ми го преокупираа мозокот.
Кога стигнавме на планина, ѝ се јавив на Весна за да ѝ кажам дека пристигнавме и ѝ кажав дека многу е убаво. Повторно не ѝ се јавив, а и немаше време, но и немав желба да разговарам поради тоа што се случи. Ако ѝ се јавев уште еднаш, нормално ќе и раскажев сè по ред и Весна ќе се вознемиреше. Очекував многу од овој престој, сакав да ги поминам овие денови со Марко, да мислам само за нашата љубов, да ги слушнам неговите размислувања, желби, афинитети. Затоа што сè се гради дел по дел. Исто кога се гради куќа. Започнува да се гради од темел и потоа цигла по цигла, ѕид по ѕид.
Надежта и копнежот што ги имав ми се остваруваа, сакав да си го исполнам животот со празнините кои постоеја. Со неврзан разговор стигнавме во градот. Ѝ се јавив на Весна. Таа веднаш дигна слушалка и ми кажа во еден здив: „Мила, моментално не сум дома и престојувам во куќа кај еден мој пријател. Ќе ти се јавев попладнево. Не сакам да те вознемирувам. Дојди веднаш те чекам имам многу да ти зборувам и да ти раскажувам“.
Се поздравив со Марко и со друштвото и тргнав накај куќата. Стигнав во еден прекрасен двор, со убава градина која наликуваше на парк и каде што имаше посадено наоколу дрва. Вратата сама се отвори и претпоставив дека има камера бидејќи ми кажа на спикерфон: „Дојди, одзади сум“. Отидов низ тој огромен двор и видов голем полупокриен базен и клупа две масички. Лицето и рацете на Весна ѝ беа модри, а раката во гипс. Избезумена истрчав до неа, ја гушнав и со пискав глас ја прашав: Што се случи?! Сестро, што ти е?!“
Таа се израдува, ме охрабри дека е во ред и ми рече: „Прво да те видам, сестро. Кажи ми како поминавте, не те очекував сега, те очекував вечерва“. Набрзина ѝ раскажав сè што се случи за да ми каже таа што ѝ се случило. Потоа, самата почна да зборува: „Ех, сестро, ова ми е од Кире. Кога отиде ти на планина, попладнето, тој ненајавено се појави. Беше пијан и почна да ме навредува и да ме брка да си одам од станот. Му кажав дека треба да разговараме, дека нема право да ме брка поради тоа што е и мој стан, но тој настојуваше викајќи: „Ќе се женам, девојката ми е бремена! Надвор! Излегувај! Надвор!“
Весна запали цигара и продолжи да раскажува: „Му се спротивставив. Се јавив в полиција и додека дојдоа, еве што ми направи. Сега е во притвор.
Полицијата ме однесе в болница. Му се јавив на пријателов и бидејќи е отсутен, моментално е во странство, неговата куќна помошничка ми донесе клуч в болница и еве дојдов тука. Истовремено, се јавив и кај адвокат. Извадив документи од лекар, од полиција, а за насилството сведоци ми беа полицајците.
Ќе го тужам. Му поднесов барање за развод и му поднесов кривична пријава. Станот нема да го добие. Ќе му доплатам ако треба. Но, јас го плаќав станот. Имам документи. Што сум платила и за станот и за мебелот. Леле, заборавив да ти кажам, ѝ јавив на мама и ќе дојде денес да нè види“.
Многу се натажив за сестра ми. Како можеше да биде толку несреќна. Дополнително, нема да може да оди на работа во фризерницата. Идиот. Би го убила во моментов. Отидов да сварам кафе. Му се јавив на Марко, му објаснив за ситуацијата и му реков да купи готово јадење за ручек. Додека пиевме кафе ѝ кажав на сестра ми дека ќе се запишам на економски факултет. Многу се израдува затоа што бев многу решителна.
Марко дојде, донесе јадење и замина. Потоа, мама дојде. Кога ја виде Весна, почна да плаче. Веднаш ја намачка со маст за модрици и рече: „Сега ќе одиме дома. Милке, подготви ги куферите, тој будала кога ќе го пуштат денес или утре може, пак, ќе дојде и ќе те убие. Доста ми е од тоа другите што ќе кажат. Секако зборуваат и не ме интересира“. Се јави кај куќната помошничка на пријателот, но таа рече дека не била во градов и дека утре ќе дошла. Ме оставија мене да ѝ го дадам клучот и утредента заминаа за село.
Весна ми кажа да го викнам Марко за друштво. Така и направив. Го повикав Марко. Му кажав да донесе пици и вино. Убава приквечер. Се облеков во црвен костим за капење, кој ми одговараше одлично и ми ги истакнуваше облините на моето тело. Марко когаме виде занеме. Очите му светеа како џамлии, а јазикот, пак, ќе му паднеше од устата. Почна вчудоневидено да ми зборува: „Мила, секое гледање си нова личност. Јас се заљубувам во тебе повторно. Навистина си премногу убава и зрачиш со позитивна енергија“. Потоа, ставив вино во чашите, запалив свеќи и јадевме од пиците загледани во базенот. Водата беше светлосина, проѕирна. По некое време, започнавме да се гушкаме и да се бакнуваме. Влеговме во базенот. Се обвиткав околу Марко. Го стегнав цврсто и ги ставив моите усни врз неговите. Пливавме споени како едно. Ги спушти рацете долу и ми го извади долниот дел од костимот за капење. Ми го галеше моето меѓуножје и мојот задник.
Почна да влегува во мене. Приближена до него, почувствував како влегува милиметар по милиметар во мене. Кога влезе до крај, почнавме да се нишаме и да ја разбрануваме водата во базенот. Беше прекрасно да се води љубов во базенот. Сè посилно се набивав во него. Забележав како топла течност ми проструи во мене.
АНОНИМНА