Здравствен дом Скопје се подготвува за вакцинацијата против Ковид-19: Ќе се распишат тендери за медицински фрижидери

Добивај вести на Viber

Македонија целосно се подготвува за имунизацијата против корона вирусот. Здравствените власти очекуваат вакцината да пристигне во земјава некаде во март, а во овие три месеци се прави целосна подготовка за непречено да отпочне овој процес.

Директорот на Здравствен дом Скопје, д-р. Виктор Исјановски за Фактор изјави дека најважно од се е чувањето на вакцината, а за вакцината на Фајзер и Бионтек, која мора да се чува на -70 степени, ќе набават медицински фрижидери.

-Здравствен дом Скопје ќе распише 10 тендери за медицински фрижидери, бидејќи тие се од исклучително значење за вакцината на Фајзер. Инаку, што се однеусува до тимовите кои ќе ја спроведуваат имунизацијата, станува збор за искусни сестри и доктори кои ги имаме. Ние ќе бидеме целосно подготвени до моментот до кога се очекува вакцината против корона вирусот да пристигне во Македонија, а тоа нема да биде пред март. Значи имаме цели три месеци да испланираме како ќе тече целиот процес, вели д-р. Исјановски За Фактор.

Смета дека можеби ќе бидат потребни и повеќе вакцини од тоа што е засега планирано, особено ако услов за да се патува во странство биде токму вакцинацијата против Ковид-19.

-Што доколку Грција рече дека мора секој кој ќе влезе во земјата да биде вакциниран, или на пример Хрватска, сите ќе сакаат да ја примат вакцината, дури и антиваксерите. Како и да е, Министерството за здравство, но и премиерот претходно најавија дека е планирано да се набават 2.4 милиони дози за 60 до 70 проценти од населението, но за почеток ги очекуваме оние 833.000 дози, вели д-р. Исјановски.

Целиот текст за подготовката за имунизација против ковид-19, прочитајте го на Фактор.мк