ЗДРАВСТВЕНИТЕ ПРЕГЛЕДИ СЕ ВРАЌААТ ВО НОРМАЛА: Во поликлиниките повторно трета смена за магнетна резонанца и мамографија

Добивај вести на Viber

И покрај сè уште трицифрените бројки на новозаразени од корона вирусот, во Македонија здравствените власти уверуваат дека состојбата е стабилна, а со тоа полека почнува да се враќа во нормала целиот здравствен систем. Од септември граѓаните имаат можност да закажуваат „Мој термин“, кој досега поради вонредната состојба не функционираше. И Здравствен дом-Скопје, со сите негови служби, Итната медицинска помош, прераспределбата на интернисти во останатите градови во земјава како дополнување и помош на инфективните одделенија во болниците надвор од Скопје почнува да функционира исто како и пред епидемијата.

Во разговор за Фактор, директорот на Здравствен дом-Скопје, д-р. Виктор Исјановски вели дека во ниту еден момент прегледите во скопските поликлиники не престанале, напротив, појаснува тој, постојано работеа и со дополнителни дежурни служби, но сега главната новина се однесува на повторното воведување на третата смена за магнетна резонанца во поликлиниката Чаир.

-Третите смени за правење магнетна резонанца моравме да ги укинеме поради вонредната состојба која беше воведена во Македонија заради епидемијата на Ковид-19, односно заради полицискиот час, бидејќи тие прегледи се вршат од 19.00 до 23.00 часот, а во тој период беше забрането движење за сите граѓани. Инаку, побарувањата за ваквите прегледи се навистина огромни и не  станува збор само за пациенти од Скопје, туку и од сите останати градови во Македонија. Можам да кажам дека 70 отсто од пациентите се од Скопје, а 30 проценти доаѓаат не само од најблиските градови, Куманово, Тетово, Велес, туки има и пациенти од Струмица, Гевгелија, Охрид, Делчево...Затоа уште лани донесовме одлука за трета со цел да се намали и чекањето за ваквите прегледи. Во текот на 2019, во првата половина, магнетна резонанца направиле 1.523 пациенти, а во втората половина 1.400, што на месечно ниво е некаде околу 250 пациенти, вели д-р. Исјановски.

Целиот текст прочитајте го на Фактор.мк