ЗЕЛЕНО ЖЕНСКО ЛИДЕРСТВО
Зеленото женско лидерство е концепт на промоција на зелени идеи, одржливо управување со животната средина кое делува и работи во насока на поддршка и промоција на принципите на циркуларната економија, промовирање на нов бизнис модел кој побарува користење на отпад од секаков вид од производните процеси да претставува суровина во други производствени процеси, овозможувајќи искористување на отпадот и добивање на корисни производи, наместо само искористување на енергијата и негово спалување.
Во услови кога регионот се соочува со други секојдневни предизвици и Зелената агенда не е на врвот на агендата на политичарите од регионот, потребно е да се истакне неопходноста за вистинско прифаќање на циркуларната економија со цел искористување на продобивките од истата, што води кон диверзификација на енергетскиот сектор.
Тежнееме кон тоа Циркуларната економија да се прифати како мост за надминување на негативните економски ефекти, валоризација на ресурсите и отварање на нови национални, регионални и глобални можности, како и прифаќање на принципите на циркуларната економија, намалување на загадувањето и намалување на отпадот генерално, регенерирање на природата преку зелени практики и одржливо управување.
Она што е отпад во одредена индустрија да се валоризира и прифати како ресурс за друга индустрија, или производствен процес.
Сеуште во Македонија и во одредени земји од регионот, се одлучуваат за депонирање и спалување на отпадот како крајно непопуларни решенија затоа што земјите засебно неможат да обезбедат доволна количина на отпад, која ќе биде исплатлива долгорочна инвестиција за изградба и одржливост на постројка за рециклирање.
Отпадот има вредност, а неконтролираното спалување на таа вредност не е решение!
Анита Котеска
Green Futurist, Together4circular
Национален партнер на EU climate-kic програмата