Жена на месецот: Сара Климоска - ѕвезда од светски калибар во подем

Добивај вести на Viber

Женски магазин, секој месец избира Жена на месецот, а за Јули кој веќе е зад нас, решивме таа титула да ја понесе младата и надежна актерка, ѕвезда во подем - Сара Климоска.

Климоска е меѓу помладата генерација актерки, но исто толку вредна, достојна и вредна за наградување.

Последната награда која ја понесе стружанката, е наградата за најдобра актерка за улогата на Доста во филмот „Кајмак“ на фестивалот за филм во Сомбор, Србија.

ФОТО: Жарко Чулиќ

Филмот ќе има и американската премиера на фестивалот Синеквест во Калифорнија од 15 до 30 август. Станува збор за еден од  најреномираните независни фестивали, а програмата поддржува нови и креативни уметнички дела.



„Сара е глумец од светски калибар, талент што се раѓа еднаш во генерација“, рече еднаш режисерот Манчевски за Климоска. 

Сара во „Преекспонирано” , кој е дебитантски долгометражен филм на режисерката Елеонора Венинова 


Младата актерка беше дел од најзначајните алки на неколку филови, а и покрај тоа што одредени улоги и носеа и притисок, храбро ги толкуваше и изигра маестрално.


Сара не сака да се експонира премногу во јавност, а ние ѝ посакуваме да ѝ се нижат наградите, улогите и славата.


И.С.