ЖЕНА РАК: Зошто треба да ја имате во својот живот?
Чувствителна, нежна, романтична, грижлива, креативна, стравствена, мирна, интуитивна, фантазерка - се тоа е жената Рак. Иако на моменти знае да покаже тврдоглавост, во следниот момент ќе попушти.
Има силна волја и е истрајна, но некогаш знае да биде и многу резервирана и е склона да се повлекува во својот „рачји оклоп“ ако почувствува дека некој ја вознемирува или провоцира.
Посебно чувство не гаи само кон сопствените потреби туку и кон потребите на другите што ја прави еден од најсочувствителните хороскопски знаци. И најмала критика која и е упатена ќе ја прими со срце и нема лесно да ја заборави. Ја краси длабока интуиција поради што вреди да се послуша нејзиното мислење за нешто или некој .
Нејзиниот поим за совршен партнер е некој кој сака да се гали на кауч, да гледа ТВ во двојка и да и точи вино. Никаде не се чувствува толку сигурно како во својот дом, а семејството за неа е најголемо божество. По природа е грижлив и семеен тип на жена, и во врската повеќе дава отколку што сака да земе.
Сака мирен, стабилен семеен живот, а безбедноста и верноста и се најважни во љубовната врска.
Грижата за се околу себе ја исполнува и животот и го прави смислен поради што е грижлива пријателка. Таа е онаа која ќе се погрижи сите безбедни да стигнат дома по лудо вечерно излегување и која секогаш ќе се јави да види дали сте добро.
Ако ви треба некој да ве утеши, пријателката во хороскопски знак Рак во тоа ќе биде најдобра. Таа е рамо за плачење, и секогаш знае да им даде утеха на луѓето кои ги сака. Своите пријателства ги чува како највредно богатство, а со тоа се и сами пријателки кои вреди да ги чувате.
Во однос на стилот таа преферира традиционален и конвенционален стил на облекување со акцент на женственост и удобност. Типична жена Рак со задоволство ќе се одлучи за бледо сина, бела и сребрена боја.
Обожава да купува на попусти и е мајсторка во наоѓање одлични парчиња облека и обувки на намалени цени. Ја краси способност со ограничен буџет да се облекува феноменално. Ретко кога купува импулзивно бидејќи не е трошачка и секогаш ќе пребара низ плакар за да најде некое парче на кое заборавила отколку да оди во шопинг по нова облека.
Од славните дами родени во знакот на Рак треба да се истакнат принцезата Дијана, актерката Мерил Стрип, Олива Мун и Диана Кругер и супермоделот Жизел Бундшен.