Жена возач на трамвај од Загреб привлекува големо внимание: Неодамна стана хит на интернет (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

24- годишната Ива стана хит на социјалните мрежи, проверете зошто

Ива Панџиќ е 24-годишна возачка на трамвај од Загреб привлекува многу погледи од патниците во јавниот превоз, а неодамна го привлече вниманието и на социјалните мрежи. Некои ја нарекоа најубав возач на трамвај, а други не ни знаеја дека постои вакво натпреварување.

Ива го вози трамвајот нешто повеќе од една година и има завршено училиште за административен асистент. Уште тогаш тврдела дека ќе стане возач на автобус или трамвај, а желбата ѝ се исполнила кога се пријавила на интервју за работа и го добила работното место.

View this post on Instagram

A post shared by (@jutarnji.hr)


Откако се вработила, се школувала на Народниот отворен универзитет, а по завршувањето на теоретскиот дел одела на пракса во траење од околу пет месеци.

@v00kie

Boss Bitch - Doja Cat

Неодамна на „TikTok“ се појави видео во кое Ива е снимена како го вози трамвајот со број 17, па многу луѓе беа љубопитни. На видеото можеше да прочитате коментари од типот: „Каква топ женска!“, „Оваа икона од прва гимназија рече дека еден ден ќе вози трамвај, мило ми е што желбата ѝ се исполни“,  а некои ја искористија можноста да ѝ побараат бесплатен билет.

Во продолжение дел од објавите на Ива на социјалните мрежи.

View this post on Instagram

A post shared by (@misspandzic)


View this post on Instagram

A post shared by (@misspandzic)


Извор: folder.dnevnik.hr