Жената на својот живот ја сретнал додека работела на шанк, а нејзината ќерка ја одгледа како свое дете: Неверство е незамисливо за славниот актер кој затоа е маж број 1 во Холивуд
Познатиот актер Мет Дејмон присуствуваше на вчерашната промоција на филмот „Опенхајмер“ во Париз. Во продукцијата на режисерот Кристофер Нолан, тој ја игра Лесли Гроувс, а на настанот во Франција беше со сопругата Лусијана и нивната ќерка Изабела. Дејмон е еден од ретките актери кои често се појавуваат во јавноста поради својата работа. Одвреме-навреме е „фатен“ од папараците надвор од камерата, а неговата љубовна и семејна приказна е позитивен исчекор во Холивуд. Нема скандали, прељуба и слични интриги.
Мет Дејмон во Париз беше облечен во стиот на полежерна елеганција, а неговата сопруга и ќерка покажаа дека навистина ги следат модните трендови.
Приказната за Дејмон и Лусијана започнала во едно кафуле во Мајами додека Дејмон работеше на комедијата „Stuck On You“. „Не знам како инаку ќе ни се вкрстеа патиштата доколку тоа не се случеше, да не се случеа сите тие работи“, изјави актерот и режисер во 2011 година во шоуто на Елен Деџенерис, пишува thethings.com. Случајност или не, комедијата требаше да се снима на Хаваи, но режисерите сепак решија да ја снимаат во Мајами.
„Потоа една вечер, среде снимањето, неколку момци од екипата рекоа: „Еј, ајде да одиме да се напиеме“. Јас реков: „Не, не сум за тоа“, и тие некако ме одвлекоа со нив“, додаде тој. Отишле во кафулето каде Лусијана работела како шанкерка.
„Буквално ја забележав во преполната просторија“, рече тој, додека Лусијана, зборувајќи за „Вог“, имаше малку поинаква верзија: „Мет вели дека ме видел од другата страна на просторијата и дека имало светло врз мене. А јас, велам: „Да, тоа беше ноќен клуб, имаше светла насекаде“.
„Луѓето го препознаа и бараа автограм и да се фотографираат со него, ситуацијата стана некако агресивна бидејќи луѓето пиеја, па дојде и се сокри зад мојот бар... „Те видов и навистина сакав да разговарам со тебе“ , ми рече“, изјавила таа.
Лусијана му рекла дека ќе мора да ѝ се придружи во работата доколку се втаи таа вечер до шанкот.
„Години пред тоа се подготвуваше за улогата на бармен, па почна да подготвува пијалоци. И ни заработи огромен бакшиш таа вечер“, рекла таа и продолжила:
„Дефинитивно се поврзавме веднаш, беше толку лесен за разговор, ни беше многу удобно, а кон крајот на вечерта ме побара да излеземе со неговите пријатели. Но, му реков: „Не можам, имам четиригодишна ќерка“.
Тогаш била самохрана мајка, а Дејмон ја освоил со својот став, тој ѝ рекол: „Ми се допаѓа тоа што си мајка и тоа ти е приоритет“.
„Некои мажи можеби беа поинакви, можеби мислеа дека е комплицирано, но не беше и за него“, истакна таа.
Дејмон ја одгледувал Алексија Баросо, која денес има 24 години, како свое дете. Со Лусијана добил три ќерки, Изабела (16), Гиа (14) и Стела (12).
Мет Дејмон еднаш изјави дека неговиот брак со Лусијана Баросо, жена надвор од светот на шоу-бизнисот, му овозможил да го држи приватниот живот подалеку од очите на јавноста. Актерот нагласи дека самиот не дава причини да се пишува за неговиот брак, бидејќи не прави ништо за да стане „интересен“.
„Не долевам масло на огнот, не ја изневерувам сопругата, не постои ништо лошо за што би се зборувало. И кога новинарите би ме прашале, би ја дибиле истата приказна, приказна за средовечен маж со четири деца. Се додека не би им подготвил нешто ново, медиумите нема да покажат интерес за мене“, потенцирал Мет.ФОТО: Јутјуб принтскрин