Жената со најмногу пластични операции во историјата има 68, а изгледа како да има 40 години: „Имам коефициент на интелигенција 165, но залудно - родена сум грда, а убавината е моќ, па станав убава“

Добивај вести на Viber

Синди Џексон е жената која заврши во Гинисовата книга на рекорди како личност со најмногу пластични операции во историјата. Сепак, таа тврди дека познава познати дами кои имале повеќе зафати од неа, но тоа вешто го кријат. Таа денес има 68 години, а по сопствено признание имала најмалку 52 пластични операции, а со првите почнала пред речиси четири децении.

Синди целиот свој живот го посвети на сопственото разубавување, но и на разубавувањето на другите - таа е најпознатиот естетски консултант во светот и работи со успешни и богати луѓе за да им помогне да ја зачуваат вечната младост. Таа неодамна напиша колумна за „Дејли мејл“ во која открива што си направила себеси, и зошто почнала да го прави тоа. Синди тврди дека отсекогаш била исклучително паметна и има коефициент на интелигенција 165, но од друга страна не била убава - а убавината е моќ. Затоа решила да стане убава! Ви пренесуваме дел од нејзината колумна.


Имам 68 години, но изгледам барем 25 години помладо

Светот реагира попозитивно на убавите луѓе. Го гледам тоа секој ден и го знаев уште во моите 30-ти кога ја направив првата од вкупно 12-те пластични операции. Отсекогаш верував дека ако можам да контролирам како изгледам, тогаш ќе можам да контролирам како луѓето се чувствуваат за мене. И јас сум во право, мојата претпоставка функционираше смешно добро. Имам 68 години, но изгледам барем 25 години помладо.

Првата екстремна хируршка реконструкција на лицето ја имав во осумдесеттите години на минатиот век. Не само дотерување или операција на носот, туку мислам на долга листа на процедури за да се усоврши и максимизира она што природата не ми го даде. Никој друг не правеше нешто слично во тоа време, но бидејќи резултатите беа толку добри, луѓето почнаа да доаѓаат кај мене за совет. Тогаш започна мојата кариера како естетски консултант, а денес работам низ целиот свет со извршни директори, аристократи и филмски ѕвезди од А-листата. Често ме нарекуваат „жената која помага убавите луѓе да бидат убави“ и мојата цел е секогаш да го најдам вистинскиот хирург кој ќе ја изврши вистинската процедура.

Вистина е дека повеќето луѓе во Холивуд имале многу повеќе пластични операции од мене, а јас сум направила многу од нив, во вредност од околу 70.000 фунти. Тие пластични операции сега би чинеле неколку пати поскапо, можеби над 250.000 фунти, но процедурите што би ги избрала денес би биле поинакви, бидејќи технологијата толку многу напредувала.

Некои луѓе тоа го нарекуваат суета, плитка опсесија со изгледот, но кога процедурите се прават правилно, верувам дека тие можат да ви го променат животот. Денес, гледате, живеам на волшебен начин. Моментално сум слободна, но за маж на моја возраст сум совршена жена. Јас поседувам свој дом; Немам и нема да имам деца, немам никаков товар зад мене и никогаш нема да остарам. Зошто? Затоа што знам и како е кога не си привлечен.

Убавината е моќ

Бев ќерка на фармер од Охајо,  ме преместија една година во напредно одделение на училиште. Бев паметна и тоа е она што го имав, а убавите девојки го немаат. Но, да се биде паметен не беше важно. Не ми го донесе она што го сакав, а тоа беше да се вклопам. Мислев дека не е фер поради моето едноставно и незабележливо лице и мојата скромна облека, да бидам исклучена од општеството на возраст кога сите сакаме само да им се допаднеме на другите.

Во моите 20-ти, дозволував  тоа што не бев убава да ми биде пречка, но знаев дека никогаш нема да бидам вистински среќна додека луѓето не ме видат привлечна. Моето образложение беше дека како член на Менса со генијален коефициент на интелигенција од 165, имав се што ми треба во животот, освен убавина. А убавината е моќ.

Така, во 1985 година, на 30-годишна возраст, многу срамежливо почнав со процедури, така што најпрво ги вадев бенките од лицето и вратот. Во времето кога работев како пејач/текстописец, но тогаш добив наследство од речиси 50.000 фунти, што денес би изнесувало околу 150.000 фунти, влегов во светот на козметичките процедури и одеднаш го добив светот на дланка.

View this post on Instagram

A post shared by Cindy Jackson (@cindy_jackson_dotcom)


Го максимизирав секој денар, инвестирајќи во себе, и сето тоа се исплатеше во рок од две години зборувајќи за моите процедури во интервјуа за медиуми низ САД, Австралија, Јапонија, Европа и Јужна Америка.

Мојата прва операција беше горната и долната блефаропластика, односно подигнување на очните капаци. Бев млада, но очите ми беа подуени и изгледаа старо, па го отстранив вишокот кожа. Секогаш ме задеваа за носот, па тоа беше следно. Тогаш не познавав никој што го оперирал носот, а сега практично сите што ги познавам имале операција на нос. Три години подоцна, имав втора операција на носот за дополнително да ја подобрам формата. Следеа три одделни операции за липосукција за отстранување на салото од половината до колената.

Се извајав себеси, исто како Микеланџело, на чие ремек дело La Pieta - издлабено од еден блок мермер - долго време му се восхитував.

Во годините што следеа, имав лифтинг за да ја подигнам горната третина од моето лице; кревајќи ги усните за да не личам на Гринч; кревање на долниот дел на лицето за разубавување на брадата и вилицата; две целосни затегнувања на лицето; абдоминопластика за да се создаде форма на песочен часовник на моето тело; и затегнување на вратот. Најзначајна од сите мои операции беше максилофацијалната процедура наречена гениопластика. Ова е сериозна работа. Тие влегуваат низ вашите долни непца, земаат хируршка пила и ја сечат коската на брадата по должина, а потоа туркаат назад и ја прицврстуваат со титаниум. Целата операција трае околу час и половина.

Тоа беше единствената процедура од која се плашев, но никогаш не можев да добијам женско лице со мојата природна вилица и нос. По операцијата имав оток кој буквално ми отиде од врвот на брадата до градите. Немав врат и изгледав како жаба.

Тоа не беше крајот. Помеѓу моите различни кревања на лицето поминаа во просек десет години, иако овој пат поминаа 15 години - кога хирургот го прави тоа правилно, толку долго треба да трае.

Минатата година, по две години истражување, симнав уште десет години од лицето и телото со шест различни типови на пилинг на кожа во клиника во Лондон, кои чинат 10.000 фунти. Тие го решаваат проблемот со површни брчки, промена на бојата на кожата, пеги и оштетување од сонце, сите оние работи кои хирургот со скалпел не може да ги реши.

Не филери и ботокс

Луѓето секогаш се изненадени кога ќе дознаат дека немам никакви филери на лицето. Никогаш не би ставила импланти од каков било вид или би добила бразилско подигнување на задникот. Првото правило против стареењето е - не умирај! Сакам да имам здрава старост и се што внесувате во вашето тело предизвикува имунолошки одговор и воспаление, ниту едно од нив не е добро за човечкото тело. Јас дури и не правам ботокс, поради тоа вака изгледам. Мислам дека лицето не се движи природно после тоа.

Заклучокот е дека јас верувам во хирургија - процедури кои прават разлика и нема да ја загрозат вашата подобност за идна операција. Секојдневно се лансираат нови нехируршки третмани и луѓето често ги користат за да избегнат операција. Потоа, шест месеци подоцна, излезе дека потрошиле 20.000 фунти и изгледаат полошо од било кога.

Цврсто верувам во она што ние во бизнисот го нарекуваме: „едно и готово“. Имате операција и таа трае најмалку една деценија, без да треба да пробате еден тон третмани. Ако имам третмани, тие мора да бидат трајни и ефективни.


Не се омажив, бев зафатена со уживање во животот

Немам бурма. Тоа е доказ дека сите овие пари и време ги потрошив на мојот изглед за себе. Дали би сакала да излегувам со некој на моја возраст? Не, немам ништо против помладите мажи, но не ги сакам. Тој само би направил да се чувствувам стара. Ако сакам да бидам со некого, тоа треба да биде некој со кој можам да се поврзам на интелектуално и креативно ниво.

Го дадов своето време и мојот живот на мојата кариера; тоа беше остварување на сонот, но она што остана настрана беше мојот личен живот. Се наближувам до 70 години и сфатив дека заборавив да се омажам. Но, не се чувствувам како да пропуштив нешто. Бев премногу зафатена со уживање во животот.

Фото: Инстаграм
Извор: Zena.blic.rs