Жената со најубаво лице во Европа накисна до гола кожа пред гала премиерата: Дождот целосно ѝ ја истакна совршената фигура

Добивај вести на Viber

На италијанската премиера на филмот „Куќата на Гучи“ во Милано се појави и актерката и модел Мадалина Генеа, која во оваа продукција го толкува ликот на младата Софија Лорен.

Мадалина на премиерата пристигна на дожд, но не дозволи тој да и го расипе моментот, туку направи цел спектакл. Имено, атрактивната 34-годишна девојка разиграно им позираше на насобраните фотографи во неколку предизвикувачки пози, а се изгледаше речиси како на филмски сет.

Во еден момент нејзиниот и онака тенок и тесен фустан толку се намокри што стана проѕирен, но тоа не и пречеше на оваа убавица. Напротив, Мадалина како да пукаше од самодоверба!



Дождот и ја уништи фризурата на оваа Италијанка со романско потекло, но ни тоа не и пречеше - таа едноставно со раката ја разбрануваше својата бујна коса ишарани со сини прамени.


„Работите не беа толку гламурозни како на овие слики“, признала самата Мадалина заедно со серија фотографии од премиерата.

Инаку, таа избра елегантен, луксузен фустан од италијанскиот дизајнер Франческо Скоњамило, кој ја истакна нејзината витка, неверојатна фигура. Гламурот на Холивуд го донесоа и белите пердуви кои ги носеше преку рамениците.

Да потсетиме, оваа дама важи за една од најубавите жени во Италија, каде што живее и работи од својата 15-та година. Тамошните медиуми ја нарекуваат „модерната Софија Лорен“ поради нејзината сличност со прославената актерка. 

„Новата Софија Лорен“ е фатална русокоса: Се колнат дека е најубава жена која гази по Италија, а на премиерата на филмот „Гучи“ им го помати разумот на сите со огромно деколте