Жените имаат поголема активност на мозокот, споредено со мажите
Една нова студија, спроведена од научници од Америка, дошла до заклучок дека мозокот на жените има поголема активност во повеќе региони, во однос на мажите.
Добиените податоци може да одговорат на прашањето, што ги прави жените повеќе подложни задобивање: депресија, анксиозни растројства, несоница и нарушување во навиките за исхрана.
Студијата е предводена од научниците од ланецот на клиникитеАмен, во Калифорнија, кој претставува најголем извор за податоци од снимања на мозок. Направена е споредба на 46 000 скенови на мозок од 9 клиники. Анализирани се разликите во мозокот кои постојат помеѓу мажите и жените.
Кај жените во спроведената студија, се покажало зголемен проток на крв во црвено обоените подрачја, додека кај мажите во сино обоените подрачја од мозочниот скен.
Слика преземена од Тhe Journal of Alzheimerdisease.
Студијата која е објавена воThe Journal ofAlzheimerdiseaseдовела до заклучок дека мозокот на жените покажува поголема активност во регионот напрефронтален кортекс(кој е одговорен за фокус и контрола на импулси)илимбичниотсистем(одговорен за расположение и анксиозност).
Меѓутоа, кај мажите постои поголема активност во визуелниот центар и центарот за координација.
Со овие податоци, делумно се објаснува теоријата, зошто жените поседуваат поголема способност за: емпатија, интуиција, соработка и самоконтрола, споредено со мажите. Но исто така и зошто имаат поголема склоност кон: депресија, анксиозно нарушување и испади во расположение.
Главниот предводник на истражувањето Даниел Г.Амен, соопштил дека ова е особено значајна студија, бидејќи помага да се разберат разликите што постојат помеѓу мажите и жените, односно разликите во ризикот за настанување на одредена болест, која е полово поврзана. На пример, кај жените многу почесто се дијагностицира Алцхајмерова болест, депресија и анксиозни растројства, а кај мажите внимание дефицитно хиперактивно растројство и кондуктивно растројство.
Во истражувањето биле анализирани 119 мозочни скенови од здрави лица и 26 000 мозочни скенови од пациенти кои имаат:мозочна траума, биполарно растројство, нарушување во расположение, шизофренија и др. психички заболувања.
Студијата е спроведена додека пациентите биле во фаза на одмор и во фаза на извршување некоја задача, која бара концентрација.
Меѓутоа, на крај се дошло до сознание дека човечкиот мозок независно од полот, постојано се менува што го прави тежок за разбирање и донесување конкретни заклучоци. Тие промени може да се поттикнати од разни надворешни фактори како: пристап до едукација, финансиска независност, па дури и диети.
За Женски магазин, Христина Алаѓозовска, шеста година студент по општа медицина на Медицинскиот факултет во Скопје