Жените лудуваат по фризурата „тивок луксуз“: Брише години, додава елеганција и е совршена за Нова Година
Фото: Youtube / Alexx Coll
Како да направите елегантна фризура за Нова Година? Еве еден совет!
Најмодерната фризура ги зафати сите социјални мрежи, а тоа е пунџата која ја прослави Софија Ричи. Младата манекенка, и најмладата ќерка на популарниот пејач Лајонел Ричи, важи за олицетворение на „тивкиот луксуз“.
Извесно време беше во сенка на славата на нејзиниот татко, а потоа одеднаш стана омилена ѕвезда на Интернет - нејзиниот профил на „TikTok“ има три милиони следбеници. Од нејзините клипови се издвои еден - познатата мазна пунџа „во стилот на Софија Ричи“ ги воодушеви дамите ширум светот.
Од него се воодушевени и другите инфлуенсери и јутјубери, а убавата Алекс Кол планира да ги прослави празниците токму со таква пунџа. Додека Софија предлага да ја четкате косата додека е уште влажна, Алекс претпочита прво да ја исуши.
Потоа направете патец во средината, а потоа одвојте ги предните прамени - сите до средината на увото. Потоа се чешла преостанатата коса наназад и се врзува со ластик на висина каде што сакате да биде вашата пунџа.
Алекс има многу нови кратки влакна кои штотуку почнале да раснат, па сите тие тенки и кратки прамени ги измазнува со многу гел. Потоа исчешлајте ги предните прамени и поврзете ги на „коњското опавче“, па извртувајте го додека не се извитка во пунџа. Повторно зацврстете со ластик и добро испрскајте со лак.