Жените на Капитол мол за предизвиците на модерното општество и нивниот успех
Денес, секоја дама се соочува со неколку важни улоги во животот. Нивниот успех се должи на тоа што како доблесни херои, храбро, љубезно, амбициозно и посветено го посветуваат животот на себеси и на луѓето околу нив. Таа позитивна енергија ги мотивира сите да напредуваат и да се развиваат на истиот начин на кој тоа го прават жените на Капитол мол.
„Храброста, силата и непокорливата природа на жената ја прават таа да биде столб на денешното општество, како на деловен план, така, подеднакво и во семејството. Лично, сметам дека меѓународниот ден на жената 8ми март, треба секоја жена да го прослави, да си даде поголема доза самопочит и секако, да ја увиди својата улога на херој која често пати поради динамиката на животот е занемарена. Како што сите знаеме, жената не секогаш била интегрирана во општествениот живот, напротив, нејзините права биле ограничувани, па женскиот потенцијал ретко бил целосно искористен. Историски, осми март е денот кога жената конечно ќе се избори за своите права, односно економска, политичка и социјална рамноправност со мажите. Јас, како менаџер и сопственик на Капитол мол, хотел Stone Bridge и на хотел Double Tree by Hilton – чие отворање ќе следува наскоро, чувствувам гордост што сум женски претставник успешно навлезен во бизнис светот и мојот стремеж ќе продолжи понатаму, во поход по нови успеси, проекти и кампањи. Дополнителен мотив, но и предизвик ми е токму тоа што жената е и столбот на семејството, па некогаш е тешко да се избалансираат овие две страни, бизнисот и домот. Целта и решителноста се тие кои ме водат напред и секако адреналинот после успешно завршениот проект кој повторно ме враќа во еден маѓепсан круг на работа со ентузијазам за успех во работата и среќа во семејството. Би препорачала на секоја жена, без разлика дали работи или не и без разлика на кое работно место е, 8ми март да биде ден резервиран за самите себе и да си го дозволат тоа што го сакаат, затоа што верувајте ми, жената го заслужува тоа.“, вели Даниела Адемоска, сопственик и извршен директор на Капитол мол.
Даниела Адемоска, менаџер и сопственик на Капитол мол, хотел Stone Bridge и на хотел Double Tree by Hilton.
„Во денешно време, секоја жена се соочува со повеќе важни улоги во животот кои ги води паралелно и токму тоа буди чувство на восхит и огромна почит кон секоја припадничка на понежниот пол. Женската издржливост и пожртвуваност се безусловни, но не секогаш доволно ценети, па затоа сметам дека повремено треба да се наградат. Како резултат на брзиот живот, и самата жена не е свесна за својот потенцијал,
па ете 8ми март нека биде денот кога таа ќе застане и ќе направи само-евалуација за својот придонес во домот и општеството. Сигурна сум дека голем број дами ќе ја сфатат својата висока вредност и ќе си дозволат мало опуштање и издвојување време за себе. Како жена и како маркетинг менаџер на Капитол мол, среќна сум да најавам дека тимот на Капитол мол ја започна кампањата за празникот на жената 8ми март,која како таква содржински предвидува многубројни поволни и интересни подароци посветени на жената. Мојата мисија е да ја пронајдам хероината кај секоја вработена во молот и кај секоја посетителка која ќе одлучи да нè посети. Еве и официјално ги поканувам сите жени да го посетат Капитол мол и да дозволат да ги исполниме нивните желби.“, порачува Оливера Дебарлиева, раководител на маркетинг одделот на Капитол мол.
„Ако се запрашам себеси, навистина да се биде жена не е лесно, но сепак да се биде жена претставува неверојатно чувство. Дамите насекаде низ литературата, историјата и науката се опишани како кревки битија, десна рака на посилниот пол – мажот, послаби и создадени за извршување на мајчинските обврски. Меѓутоа, според мене ова е само безвременски стереотип кој за жал и ден денес преовладува во
сфаќањата кај голем број луѓе. Доволен доказ за силната страна на жената е борбата за рамноправност со мажите во која жените извојуваа победа токму на 8ми март 1913 година. Обожавател и главен поддржувач сум на жени кои храбро чекорат да го освојат светот и оние кои се спротивставија на постоечкиот стереотип. Денес, жената е присутна низ сите сфери и области на животот и тоа ми е особено драго. Огромна почит имам и кон жените кои својот животен пат го одбрале само во мајчинска улога, затоа што тоа дефинитвно претставува цело работно време, обврска и грижа. Лично, преферирам активен живот, сакам да се движам, да запознавам разни луѓе и да бидам дел од разни проекти. Моето работно место, како раководител на забавниот центар во Капитол мол, ми го овозможува сето ова. Во склоп на кампањата на Капитол мол за празникот на жената 8ми март, малите деца можат да уживаат во игротеката Kids Park, а поголемите и семејствата во кугланата 4Bowling.Водена од мотото. Секогаш со и за децата” игротекатата Kids Park по повод овој посебен ден организираше голема креативно - едукативна работилница која беше проследена со богата програма. За истата цел во кугланата 4 Bowling, оваа цела недела и ја посветуваме на жената со атрактивни промоции за припадничките на понежниот пол.“, рече Билјана Костадинова, менаџер на забавниот центар Капитол плеј.
Билјана Костадинова, менаџер на забавниот центар Капитол плеј
Секоја жена треба да го гледа 8ми Март како ден кој треба да ја охрабри и мотивира за да го постигне тоа што отсекогаш го сакала.