„Жените над 50 години не смеат да носат бикини“: Еве како изгледаат зрели жени во „забранетиот костим за капење“, сѐ ќе ви биде јасно (ФОТО)
Нема лето без дебата - дали жените на одредена возраст треба да носат „такви и онаки работи“. Една од вечните дебати која не треба ни да ги допре жените во зрели години е - дали жените над 50 години треба да носат бикини?
Во 1990-тите, модната компанија „Бурбери“ лансираше линија на бикини кои се врзуваат. Деми Мур (60), Елизабет Харли (58) претходниот месец се фотографирани во модел на костим за капење, кој во одредени кругови се смета за непожелен за жените на одредена возраст.
Иако бикини обично прво се поврзува со тинејџерки и девојки во дваесеттите години, единственото нешто што го бара бикинито (не е возраста, се разбира) е подобра физичка форма. Така, доколку сте биле физички активни во текот на годината, нема да ви биде проблем да го однесете на плажа. Иако, без разлика на тежината, ако се чувствувате добро во него, никој не може да ви забрани.
Самото врзано бикини е растегливо, иако е дизајнирано имајќи ги на ум витките жени.
Во последните неколку години сѐ поголем број на познати жени, за да ги разбијат предрасудите, често за снимање насловни страници на списанија, но и за нивните социјални мрежи, се фотографираат во костими за капење кои се „наменети за девојки“.
Некој многу мудар некогаш рече - младоста не е возраст, туку состојба на умот.
Извор: zena.blic.rs